Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се бесрамните противници на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Биљана Секуловска on July 21, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се разбира дека нема да се противиме на амнестијата, онаа амнестија која ја бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, затоа што криминалот на неговата братија мора да преживее, а и зошто да не се гледа на таа перспектива благонаклоно?

Ако им подариме амнестија, секако дека земјата нема да не голтне, цвеќињата нема да се повлечат во сопствените издлабени ровови, животните нема да извршат опсада врз сопствените фарми, ниту еден споменик нема во знак од протест сам да се сруши.  Пропаста сама ќе се поклони и ќе не опслужи, без големи фанфари и пренемагања ќе ја отсвири нашата лебедова песна.

Се ќе остане исто како некогаш, тркалото ќе не сврти повторно под чизмата на Груевски ако амнестијата им ја подариме сите заедно, конечно со нив ни се насмевнува перспективна криминална иднина, наспроти ова шизофрено лудило со ЕУ и НАТО демократските вредности, каде се инсистира на ред, поредок, правда, правичност, владеење на право, слободи, апстрактни поими кои никој и не ги разбира воопшто, додека криминалите секако дека е лесно да се разберат, премолчат и охрабрат- во земја како што е оваа.

Таа демократија е целосно дисторзична слика на она што досега го нудевме со владеењето на Груевски, сега и со Мицковски, каде благосостојбата се подразбираше за раководството, а сите останати со наведнати глави, скрушено, подгрбавено одработуваа, за да не завршат како она малцинство што скапуваше по затвори, по улици на протести. Тоа и не беше некој живот, нели Шарени?

Доктрината на вмровските врвни интелектуалци ќе не надживее, како ништо пред тоа да не било, но што и воопшто било нешто посериозно после нив?

Славење на Субрата Рој во Скопје

Земјата повторно ќе стане плоча, оттука  Миленко Неделковски ќе биде прогласен и за официјален пророк, кутрите заборавени Хунзи ќе го окупираат одново кабинетот на претседателот Иванов, кој немаше време да им се нарадува и оддолжи за историската неправда- обесправен заради оваа кратка пауза на владеењето на Заев, затворскиот маг Субрата Рој со шеретскиот мустаќ ќе го привлече повторно инвестицискиот гуру Груевски, а шароликите невести се на готовс да го пречекаат со лебот и солта, како некогаш, за да се претвори во секогаш,  Јанкуловска секако дека има право и да живне и да го извади стариот розев телефон за долги и пријатни, а понекогаш кратки и отсечни разговори со Ставревски, зависно од неговото биполарно расположение, политичките затвореници пак може да се вратат во своите ќелии кои сега се гланцаат за друштвото на Мицковски, но, тоа е жртвата која сите мораме да ја направиме, доколку сакаме да добијат сите криминалци и насилници амнестија, а ние да гниеме во нивниот голем затвор.

Затоа, не е прикладно да се пишува претерано и со голема жестина против предлозите за амнестија за крвавиот четврток, против Кривичниот закон за криминалите на бившите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, против Изборниот законик со кој ќе биде формиран ДИК за да се распише референдумот за Договорот за името, кој подразбира влез во ЕУ и НАТО, противштоидае, не е воопшто соодветно, верувајте.

Таа мисла, онаа мисла која ми пролета и не беше така лоша- дека амнестијата мора да се испорача на криминалците на ВМРО-ДПМНЕ кои одбиваат референдум, затоа што тој референдум за Договорот за името и влез во ЕУ и НАТО би значел почеток на владеење на правото и казнивост за нивните криминали.

Свадбата на Аркан и Цеца

Додека пред некоја недела шетав низ Белград, токму тоа и го размислував- како протутнеа таму и насекаде низ бивша Југославија, касапите како Аркан, сите оние аркановци, Цеца со нејзината нараквица која ја надгледуваа во домашниот притвор, истата Цеца која сега е драг гостин и низ оваа земја, затоа што злосторствата подобро е кога се опеваат со раскрвавени раце од кафеанските срчи, како јадеа со сласт корења во тој Белград, во таа Србија, како на врат го носеа Милошевиќ, а врз него повторно се пентареше Аркан со мечот, и како, како е тоа можно, сега да ја гледам токму оваа слика кога сум таму. На секои десетина, иако веројатно се пет метри, начичкани една до друга, споени, несовладливи, важни и моќни се распослале книжарници, библиотеки, галерии, музеи, театри, и повторно книжарници, велелепни и мали, но никако стуткани, стотици, илјадиници, милиони книги се распослале насекаде, во земјата на Милошевиќ, Аркан и онаа нивна Цеца, и пред се земјата на корењата, на која никој од нив ништо не им можел, тоа е јасно, тие книги се сведоци за тоа, оние книжари за кои ви говорам, мирис на нови книги, петти изданија на стари книги, евтини, навистина по два-три гроша, дури не и толку, за да ги читаат, за да знаат, за да запаметат дека никакви корења, ниеден Милошевиќ, ниту еден  Аркан и онаа сечија Цеца, ниту еден криминалец, ниту една амнестија за некого, никој од нив не може да ги уништи, ништо не им можат.

Затоа, запамтете добро- нам ни треба амнестија за господарите на Мицковски, а не некакви книги, најмалку книги, ниту една книга што може да не разбуди од корењата, од Груевски, од нас самите.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.