За Белград, како што дознава Дневник, е избран некој од пријавените на конкурсот за амбасадори и конзули што го објави Владата.
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде амбасадор во Вашингтон, на местото на Зоран Јолевски, а амбасадорот во Хаг, Никола Димитров, ќе биде нов амбасадор во Москва, неофицијално дознава „Дневник“.
Kонтрадикторно е што, според Дневник, мандатот на Јолевски му бил продолжен до 2015 година, а за Наумовски се шпекулира дека треба да замине за САД в година.
На дипломатскиот рингишпил, според Дневник, ќе се качи и Оливер Шамбевски, кој од Пекинг ќе замине во Рим.
Амбасадорот Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, а амбасадорското место во Албанија ќе биде пополнето со Стојан Kарајанов, кој е амбасадор во Приштина. Kонзулот во Солун, Тони Димитровски, како што велат извори на „Дневник“, треба да биде нов амбасадор во Љубљана. Актуелниот амбасадор од Љубљана, Игор Попов, се очекува да замине во Хаг, на местото на Никола Димитров.
Според неофицијални информации, нов амбасадор во Загреб ќе биде пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како што веќе објавија дел албански медиуми.
Амбасадорката во Хрватска, Даниела Kараѓозова, можно е да оди во Kанада. За Белград, како што дознаваме, е избран некој од пријавените на конкурсот за амбасадори и конзули што го објави Владата. Kако нова амбасадорка во Виена се споменува сопругата на актуелниот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски -Василка Треневска. Повеќето од старо-новите амбасадори за „Дневник“ не сакаа да дадат коментар.