Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и медицински лица предупредуваат на топлотниот бран што е пред нас и советуваат како да се заштитиме од високите температури, што особено се однесува на повозрасните лица и хронично болните.
Високите температури на воздухот, сами по себе, носат и дехидратација, но, за жал, и низа други опасности по здравјето. Во оваа прилика наведуваме дел од симптомите на топлотен удар и сончаница.
Сончаница
Кога зборуваме за сончаница, зборуваме за вид на топлотен удар.
Симптоми се главоболка, зуење во ушите, слабост, мачнина и повраќање, вртоглавица и црвенило. Ако станува зборе за потежок облок, може да доведе со малаксаност и паѓање во несвест. Исто така, може да се јави плитко дишење и забрзана работа на срцето, а во најтешки случаи, пациентот може да западне и во животно загрозувачка состојба.
Како да се помогне?
Лицето на кое му се слошило, обавезно пренесете го во разладена просторија, ослободете го од вишокот на гардеробам, ставете му облоги на главата и дајте му вода.
Топлотен удар
Губењето на контролата врз телото предизвикано од висока температура е топлотен удар. Во оваа состојба, температурата на телото може да порасне на 40,5 степени и повеќе за само 10 минути, додека пулсот силно забрзува. Доколку не се препознае на време, топлотниот удар може да биде опасен по живот.
Симптоми на топлотниот удар се црвена и топла кожа која не се поти, силна главоболка, вртоглавица, висока температура и губење на свеста.
Ако некој доживее топлотен удар, веднаш пренесете го ладна просторија, поставете го во лежечка позиција, а ако е во бессознание задолжително поставете го на страна, подигнете му ги нозете над висина на нивото на главата и полевајте го со вода. Контролирајте ја температурата и повикајте Итна медицинска помош.
Превентива
Најдобро би било да се избегнува престој на отворен простор во периодот од 9 до 17 часот. Ако, сепак, морате на сонце, пијте доста течности, носете лесна гардероба и задолжително заштитете ја главата.