Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се стандардите на ОБСЕ?

0
By Влатко Чаловски on April 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Герт Аренс, кој вчера ги презентираше прелиминарните заклучоци од изборите во Македонија, во предизборниот период не се исполнети важни стандарди кои државата ги презема со членството во ОБСЕ.

Аренс потенцираше дека ова се однесува на разграничување на државата од партијата, обезбедување на услови за рамноправен натпревар, подеднаква медиумска застапеност, како и прашањата поврзани со избирачкиот список.

НОВА ве информира за целосниот Копенхашки документ усвоен во 1990 година од претставниците на земјите-учеснички на Конференцијата за безбедност и соработка, а кој е обврзувачки и за Македонија.

Издвојуваме дел од одредбите обврзувачки при изборниот процес, од кои произлегуваат прелиминарните заклучоци на мисијата на ОБСЕ за изборите во Македонија, кои вчера ги соопшти Аренс:

5.1 – слободни избори кои ќе бидат спроведени во соодветно време со тајно гласање или според соодветна постапка на слободно гласање, под услови кои во практика ќе осигурат слободно изразување на мислењето на избирачите при изборот на нивните претставници.

5.4 – јасна поделба меѓу државата и политичките партии; особено, политичките партии да не бидат споени со државата.

7.1 – одржување на слободни избори во соодветно време утврдено со закон.

7.6 – почитување на правото на поединци или групи да ги воспостават со целосна слобода, сопствените политички партии или други политички организации, и да се обезбедат таквите политички партии и организации со потребните законски гаранции кои ќе им овозможат да се натпреваруваат едни со други врз основа на еднаков третман пред законот и властите.

7.7 – сигурност дека законот и јавниот политички ангажман дозволуваат политичката кампања да биде спроведена во фер и слободна атмосфера во која ниту едно административно дејство, насилство, ниту заплашување ќе ги попречат партиите и кандидатите слободно да ги презентираат своите ставови и квалификации, или ќе ги спречи гласачите од запознавање и дискутирање за истите, и дека својот глас ќе го дадат без страв од одмазда

7.8 – сигурност дека ниту една правна или административна пречка ќе стои на патот за непречен пристап до медиумите на недискриминаторска основа за сите политички групации и индивидуалци кои сакаат да учествуваат во изборниот процес.

Во овој контекст, според вчерашните искази на шефот на делегацијата на ОБСЕ ПА, Изабел Сантос може да се заклучи дека медиумскиот дел потфрлил при обезбедувањето на фер натпревар помеѓу партиите, и разграничувањето на партијата од државата.

Се констатира дека мнозинството од набљудуваните медиуми „работеле“ во полза на владејачките партии и претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, а негативна слика давале за кандидатот на опозициската СДСМ, како и тоа дека медиумите често потфрлале во разграничувањето помеѓу медиумското известување за службените лица во нивно својство на министри и кандидати.

Членовите потенцирани погоре, соодвестуваат на целосно почитување на човековите права, основните слободи и развој на општеството врз база на плуралистичка демократија и владеење на правото, со цел да се воспостави мир, безбедност, правда и соработка.

Земјите-потписнички се обврзани на соработка помеѓу нив, како и активно учество на индивидуалци, групи, организации и институции, кои се клучни за обезбедување на прогрес во остварувањето на целите.

Присуството на меѓународните набљудувачи пак има за цел да помогне за самодовербата кај гласачите, и да забележат измами и да идентификуваат проблеми на кои треба да се работи.

Во прилог погледнете какви беа наодите на набљудувачките мисии на ОБСЕ во сите циклуси на парламентарните избори од 1998 до денеска.

1998:
>> Изборите се оценети како важен чекор напред за понатамошното зајакнување на демократските институции.

2002:
>> Во 2002 оценката беше дека изборите се спроведени во најголем дел во склад со заложбите на ОБСЕ.

2006:
>>
Во 2006 Набљудувачка мисија за избори (НМИ). НМИ на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека парламентарните избори се во согласност со Документот на ОБСЕ усвоен во Копенхаген 1990 г., како и со другите меѓународни стандарди за демократски избори.

2008:
>> Во 2008 година ситуацијата се менува и изборите се оценети негативно во однос на почитувањата на стандардите на ОБСЕ.

2011:
>> Во 2011 мало подобрување во однос на 2008 но сепак нотирани се членовите од Копенхашкиот документ од кој е отстапено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.