Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се судиите кои судат во Управниот суд

0
By Нова ТВ on April 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмладиот член на Управен суд е Ѓоко Живковски кој откако 2003 година дипломирал на Правниот факултет за судија е избран во декември минатата година, а заклетва дал на 2-ри јануари годинава. Тој во Управен доаѓа од функцијата раководител на сектор за општи и правни работи во Агенција за финансиска  поддршка во земјоделството и руралниот развој. Според нашите извори во судот, тој е син на професорката на Правниот факултет, Родна Живковска.

Претседател на советот кој ги разгледуваше тужбите од ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во Центар, беше Ана Герасимовска, која во Управен дошла во 2011 од функцијата виш стручен соработник во Основен Суд Скопје 1 што е објавено и на интернет страницата на судот.

Нејзиното име се најде и во извештајот за човекови права од Стејт Департментот од 2011 година, каде се констатира политички притисок врз работата на Судскиот совет:

„Судскиот совет им дава предност на надворешните кандидати за избор на судии наместо да избере 50 проценти од новите судии кои доаѓаат од Академијата за судии, како што налага законот, во декември Судскиот совет избра 27 нови судии од кои пет доаѓаа од Академија за судии. На 30 ноември Судскиот совет ја избра Ана Герасимовска за судија во Управен суд. Таа е ќерка на главниот судија (Павлина Христова) во случајот против сопственикот и менаџерите на опозициски ориентираната А1 Телевизја“, стои во извештајот од Стејт департментот.

Во овој судски совет членувала и Даниела Антовска, која до 2011 била виш судски советник за решавање управни спорови во Управен суд.

Судијката Рахилка Стојковска, која му беше соработник на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во Управниот суд е од 2007-ма година.

Судијката Нада Иванова е во Управниот суд уште од самите почетоци, таа и тетка на една од мнистерките во владата, информираат за НОВА изворите од судот.

Советите се бираат со жребување, но симптоматично е тоа што хомогена група на судии одлучувала по тужбите за Центар, во која нема ниту еден судија Албанец.

„На самиот старт од кампањата прогнозирав дека само таа партија која има свои судии во Управсниот суд може да ги добие изборите на маса, на „зелен терен“, што се потвди во опоштините Центар и Струга.

– Управните судии во овие спорови се избрани од оваа власт и очекувано е да ги исполмнат нивните желби, кои беа срочени во форми на тужби пред Уставниот суд“, вели во изјава за НОВА, новинарот од „Фокус“, Саше Димовски, кој долги години го следи ресорот судство.

Инаку во 2011 година драстично пораснал бројот на судиите за 14 нови членови.

Биографиите на Валентина Конеска, Весна Јовановска, Димитрула Апостоловска, Дитурије Елези Незири, М-р Рамије Абдурахими-Цара, М-р Ѓоко Живковски, Билјана Никодиновска Петровска, Габријела Михајловска погледнете ги на следниов линк.

Меѓу нив се имињата на судиите Гордана Илиевска, која предходно работела во Казнено поправнио дом Идризово; М-р Есма Алибашиќ Јонуз, била раководител на Сектор за нормативно правни, стручно- административни и општи работи и дејности од јавен интерес во Општина Чаир.

Анета Џигерова била соработник за постапување по претставки и предлози во Вишиот управен суд. Потоа м-р Тања Терзиева, која доаѓа од Одделение за првостепена управна постапка во Струмица.

Судијката Нада Иванова е во Управниот суд уште од самите почетоци. Мустафа Шахини после 12 годишна адвокатура се префрла во 2007 во штотуку формираниот Управниот суд.
Меѓу првите судии во овој суд се и Драгослав Радичевски, Рахилка Стојковска и Газменд Фејзули од Тетово.

Во 2008-мата Управиот суд добил уште двајца членови Снежана Трповска и Лулзим Салиу, кој Правен факултет завршил во Приштина, а доаѓа од служба во СВР Тетово.

Следната година адвокатката Исмета Амет е избрана на нов член на Управен суд во Скопје, како и Марта Телегравчиска, која се префрла од функцијата државен Советник во Агенција за катастар на недвижности.

М-р Едита Насковска од член на Државна комисија за жалби по јавни набавки во 2010 станува судија во Управен. Истата година, по 14 години судиски стаж Лидија Ивановска станувауправен судија.

Откако Управниот суд донесе одлуки за прифаќање на тужбите на ВМРО – ДПМНЕ, Исамедин Лимани си поднесе оставка од функцијата претседател на Управен суд.

Сега на неговото место како вд претседател на Управниот суд е поставена Виолета Богојеска, која е судија во Управниот од 2010 година. Таа од 1991 до 2005 работела како стручен соработник во Стопанскиот и во Основниот суд Скопје 1. После што четири години била Регистратор на Централен регистар на РМ.

Официјално Лимани не даде образложение зошто ја напушта функцијата, медиумите ја пренесоа неговата изјава дека „судиите кои судат во совети по тужбите од изборите се бираат по пат на жрепка. Некои одлуки од судиите немаа врска со Законот. На ова сигнализирав и порано“.

Уредникот на Утрински весник Љупчо Поповски во својата колумна денес напиша: „По одлуките на Управниот суд, станува нерелевантна работата на Државната изборна комисија; обичниот граѓанин ги загуби сите илузии за правна битка против некои одлуки на државата, а судството влезе во гангренозна фаза“.

„Во натамошните расправи, смета Поповски, по приговорите на партиите членовите на ДИК едноставно треба да се прогласат за ненадлежни и целото одлучување да им го препуштат на судиите од Управен суд – тие ќе знаат како опортуно политички да одлучат. ДИК треба да се трансформира само во дистрибутер на избирачкиот материјал“.

Управниот суд официјално започна со работа на крајот на 2007 година, кога презеде неколку нерешените предмети од управната област, од Врховниот суд на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.