Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои судии се кандидираа за функцијата претседател на Кривичниот суд

0
By Нова ТВ on August 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката Весна Димишкова која на Специјалното јавно обвинителство им ја отвори вратата во Управата за безбедност и контраразузнавање и даде налог за претрес на станот на Коста Крпач ќе се кандидира за претседателка на Кривичниот суд.

Веднаш по наредбата за претрес во станот на Крпач, Димишкова беше прераспределена од судија во одделот за организиран криминал во судија за обичен криминал.

Освен што беше првата судијка која им ја отвори вратата на СЈО, Димишкова е позната и по случајот „Детонатор“ кога од обвинетите добиваше закани за кои покрена судски постапки. Во текот на целиот процес Димишкова беше под деноноќно обезбедување од полицијата.

Освен Димишкова кандидатури за прв човек на Кривичниот суд поднеле и поранешниот претседател на овој суд, Владимир Панчевски, Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска и Осман Шабани.

Владимир Панчевски е експретседател на овој суд кој важеше за судија кој ги исполнува сите барања на функционерите на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Против него имаше поднесено и тужба за мобинг.

Според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Панчевски е најбогатиот судија, а на неговото богатство кое вреди над еден милион евра можат да му позавидат и некои поимотни бизнисмени. Тој претседателската функција во Кривичниот суд ја презеде во 2012 година, период во кој од бомбите на СДСМ беше обелоденето дека речиси секој судија за да биде именуван бил запишан во тефтерот на екс министерката Гордана Јанкулоска.

Панчевски во изминатите години, откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, постојано е прозиван дека е извршител на нарачките на власта и кочничар за случаите кои ги отвори СЈО.

Ивица Стефановски е судијата што не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“, а кој моментално се наоѓа во бегство.

Стефановски во јавноста стана познат по случајот „Монструм“  и судењето на Јован Вранишковски којшто во домашните и меѓународни извештаи за човековите права имаше третман на полички затвореник и ги отвори прашањата со религиските слободи во земјава.

Судијата Иван Џолев кој ја водеше истражната постапка против претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, а беше и на списокот на Панчевски за прераспределба на судии од Кривичниот суд во одделот на прекршоци. Џолев против Панчевски поднесе кривична пријава за мобинг.

Судијката Оља Ристова е една од ретките судии која уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за партизацијата на судството. Таа исто така, јавно обелодени дека сите судии кои соработуваат со СЈО се соочуваат со притисок од поранешниот претседател на судот. Таа неколку пати беше прераспределени од Кривичниот суд во одделот за прекршоци и сообраќај.

Судијата Ѓоко Ристов заедно со судијката Верка Петковска која исто така е кандидат за претседател на Кривичниот суд, беа членови во Советот кој го одби барањето на притвор на Специјалното јавно обвинителство за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Ристов беше судија и во случаите Ликвидација и Шпион.

Рокот за пријавување на кандидати истече вчера, но се уште не се знае кога ќе биде закажана седницата на Судскиот совет на која треба да се избере претседател на Основниот суд Скопје 1. Зоран Караџоски, претседателот на овој совет за НОВА ТВ вели дека допрва ќе треба да се прават интервјуа, психолошки тестови и тестови на интегритет на пријавените кандидати.

„Официјално не можеме да кажеме колку кандидатури има пристигнато, затоа што тие допрва ќе треба да се разгледуваат. Можеби некои кандидатури ќе ги немаат сите потребни документи и ќе отпаднат. Кога ќе завршиме со целата процедура, тогаш ќе можеме да се дадат сите официјални информации“, рече Караџоски.

 

оглас Претседател на Кривичен суд судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.