Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е лидерот на опозицијата?

0
By Marija Todorovska on April 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Вчера немаше “лидерска средба”. Еден лидер недостасуваше. “Лидерот на опозицијата”, која по поведението, а не декларативно и по автоматизам е опозиција. И средбата беше моноетничка, не затоа што на неа немаше Албанци, туку затоа што отсуствуваше вистинскиот лидер на опозицијата кој што е Албанец.

Никица Корубин
Лидерските средби, кој се речиси составен пара-инструмент на нашиот политички систем, не се непознаница за нашата партиска јавност. Често пати се и супститут за самиот уставен поредок, во манирот на нашата партократија, во сивата зона на мешање на надлежностите и излегување надвор од нив. Но, она што секогаш било јасно и недвосмислено, во однос на “лидерските средби”, биле “лидерите”.
И секогаш се подразбирало дека актуелниот премиер од една страна е во улога на “лидер на власта”, и претседателот на другата македонска партија, од друга страна, која во тој момент е опозиција е во улога на “лидер на опозицијата”. Лидерите на албанските партии, само по потреба биле вметнувани во форматот на лидерските средби, во сферата на ултимативното “македонско лидерство” кое секогаш се наметнува(ло).
Без разлика, какви биле “бројките” во моментот – број на освоени гласови на избори, број на пратеници – на “лидерот на опозицијата”, парламентарното поведение на конкретната партија: СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ; и нивното реално влијание на политичките процеси никогаш не отсуствувало, па логично било “опозициското лидерство” vis a vis власта. Правото да биде препознаен како “лидер” секогаш било прифаќано, вољно или невољно од другата страна и од самата јавност.
И тоа право, кое му беше вчера дадено на лидерот на најголемата македонска опозициска партија, е во спротивност со парламентарното, суштински опозициско поведение и реално влијание на политичките процеси, па според тоа е во најмала рака дискутабилно. Право на “лидер на опозицијата”, кој за прв пат во овој мандат на власта, седна tete a tete со премиерот.
За поведението на партијата, реперите се јасни. Ако репер за опозициско делување на партија, која треба да го даде “лидерот на опозицијата”, е контролата врз власта која се врши – кој и колку интерпелации има поднесено во парламентот, некоја од опозициските партии? Ако репер за опозициско делување на партија, која треба да го даде “лидерот на опозицијата” е наративот во интерес на стратешката ориентација и пат на државата – ЕУ членство и НАТО членство – која партија и колку често говори за ова? Ако репер за опозициско делување на партија, која треба да го даде “лидерот на опозицијата” е спротивставување на деградирањето и уништувањето на темелните договори за државата (Охридски договор, Преспански договор, Договор со Бугарија) – кој и како ги брани и афирмира, овие уставни одредници?
За реалното политичко влијание, исто така реперите се јасни, дури и во ситуација на континуирана апстиненција на гласачите од 50%. А, тоа се омилените алатки на партиите: рејтингот и способноста за организирање на поддржувачи. И тука ситуацијата е прилично јасна: кој е моменталниот рејтинг на лидерите на политичките партии и кои политички партии имаат моќ, капацитет и инфраструктура за организирање на сопствените поддржувачи за различни цели – партиски собири, настани, протести?
Ако вака, ефективно и реално, а не имагинарно и “по навика”, ги прифатиме фактите; вчера немаше “лидерска средба”. Еден лидер недостасуваше. “Лидерот на опозицијата”, која по поведението, а не декларативно и по автоматизам е опозиција. И средбата беше моноетничка, не затоа што на неа немаше Албанци, туку затоа што отсуствуваше вистинскиот лидер на опозицијата кој што е Албанец.
Унисоно прифатен за влијателна опозиција и од албанските партии во власта – ВЛЕН – и од ВМРО-ДПМНЕ кој токму тој лидер и токму таа партија (Али Ахмети и ДУИ), цела година ги прогласува за најголемиот “дестабилизирачки фактор” во Северна Македонија. Па, дали може некој што е “невлијателен и неважен” и некој што “не е лидер”, да има потенцијал да влијае на политичките процеси во државата, во таков размер?
И оваа ситуација, која една година се игнорира, и која е целосна новина и непознаница за политичката реалност кај нас – албанска партија и албански лидер – да се единствената реална опозиција – според истите важечки параметри за сите – е несовладливиот парадокс – за “државотворните” македонски партии, во кои многу тешко ја покриваат албанофобската доктрина.
Неможноста и одбивањето да го признаат и ефектуираат тоа – дури и преку формат на т.н лидерски средби – е стравот од “соголување” на параванот: не е проблемот само ДУИ со своето влијание, туку проблем е влијанието, ставот и определбата на Албанците. Кој во ова уставно уредување ја имаат еднаквата контрола и придонес во политичките процеси. И токму тоа е суштината на мултиетничкиот карактер на државата после Охридскиот рамковен договор. Не кој е “декорот во процесот”, туку кој е активен дел од системот и ги води процесите. И уште поважно, каде ги води процесите.
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
лидерска средба моноетичка Никица Корубин опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.