Бранко Тричковски: Ќе ги фаќале тие што го урнале системот! Па, вмро го урна. Проблемот на сдсм и дуи беше во тоа што не ги расчистија урнатините што ги остави груевизмот заедно со новите згради (Скопје 2014) за исмејување на нацијата и не даде на знаење дека за санација на штетите од шаткастото чудовиште, ќе бидат потребни децении. И на ги гибна вмронските уривачи од важни места на урнатините (мртв на пример), а вмро во опозиција не работеше ништо друго освен што продолжи да урива се што малку ќе им заличеше на нормалност. Безброј блокади, безброј лаги, хистеризирање на народот до прочуената парола дека ова не е држава и не не бива, со безброј глупости и лудости, со државни и уставни удари во континуитет, со милиони аманднани… Со кинење на преговарачката рамка пред Урсула. Со митинзи против наводното бугаризирање, со блокадата на уставните промени. Со ширење на омраза кон Албанците. Вмро не го урна само системот туку го урна менталниот код на Макединецот. Кој сега е шашардисано суштество со деловна способност што би му ја одзел секој психијатар. Распуштете се. Тоа е битно за решавање на проблемот со системот. Или ќе мораме ние да ве распуштиме.