Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој не сака да чека:Операција на катаракта ќе чини 750 еврa

0
By Нова ТВ on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цели 75О евра треба да плати секој граѓанин кој сака да се оперира од катаракта (перде), а неможе повеќе да чека за да дојде на ред на долгиот список за интервенција. Доколку ја уплатат оваа сума пари, пациентите ќе бидат брзо оперирани на било кое одделени за офталмологија во некој од клиничките центри во Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Штип и наскоро во Струмица, како и во болницата „8 Септември“.

Интервенциите преку ред, ќе се изведуваат во рамките на дополнителната дејност на лекарите. Со функционирањето на офталомолошките одделенија каде што ќе се изведуваат операциите ќе се создаде можност да се зголеми бројот на операции на годишно ниво во државата најавија во Министерството за здравство.

– Новите оддели за офталмологија, вклучувајќи го и тој во Струмица, ќе ја олесни работата на офталмолозите во Скопје, затоа што, на пример, во болницата „8 Септември“ за оваа операција се чека од три до шест месеци изјави Тодоров.

На листата на чекање за оваа интервенција во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје има 1.000 пациентиа, а на Клиниката за очни болести годишно се изведуваат околу 1.200 операции на катаракта.

Според информациите на НОВА на Клиниката за очни болести листите на чекање за овој вид операција се предолги, кај некои лекари се чека дури и по неколку години, така што пациентите на крајот се откажуваат и одат да се оперираат во приватните болници.

Министерот Тодоров најави дека со операциите кои ќе се изведуваат во болниците во другите градови ќе се растовари скопската клиника.

На пациентите кои веќе имаат закажано операција на катаракта во скопските болници, а се од посочените градови телефонски ќе бидат конктактирани и ќе бидат информирани за времето и градот каде ќе им биде извршена интервенцијата. Но сепак,пациентот има право сам да избере каде ќе се оперира вели Тодоров.

Лекарите во рамките на своите буџети имаат ограничен број на операции, со што се создадоа огромни листи на чекање. Така некои од лекарите овој потег на надлежните го коментираат како „ надлежните сами ги создадоа листите на чекање, а сега само ја спасуваат ситуацијата со нови решенија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.