Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е иднината на шарените револуциoнери?

0
By Биљана Секуловска on July 23, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што понатаму со шарените револуционери е главната дебата во кампот на власта околу која се кинат нервите и се затвораат ушите заради високите тонови.

Се разбира дека се работи за нус- појави кај власта и заради начинот на водење на државата, удар од која таа никогаш нема да се опорави и не само на идните избори, затоа што пресвртот кој настана со улогата на граѓанскиот сектор навистина носи подобра иднина за општеството, за државата и никаква иднина- за сегашнава власт.

Видете, сите сме свесни дека ова е поетично и романтично- оваа кованица- “подобра иднина”. Сепак, колку и да звучи смешно вербата на граѓанинот во водење на политика, макар и од намудрите, најчесните, најсовесните во едно општество, нам не ни преостанува ништо друго, освен да веруваме, затоа помирете се.

Што да се прави, историјата на прогресивната, либерална мисла покажува дека тргнувала по патот на поезијата,  но тој пат не е гаранција дека појдовната и крајна точка ќе се спојат. Секако дека може да води и во амбис, од каде нема враќање.

За што говорам? Погледнете ја само траекторијата на еден бивш професор, Ѓорѓе Иванов, автор на книга за “Граѓанското општество”, кој пишувал за идеалите на Аристотел и веројатно и верувал во нив.

Затоа што ако говорите за смислата на учеството на граѓаните во општеството,  вие морате да тргнете од почетоците, да го устоличите таткото на идеалите на граѓанското (политичкото) општество, кој во “Политика” го објаснува значењето на “секое здружување… (кое) настанува поради некое добро”, став кој подоцна и самиот Иванов ќе го демантира, објаснувајќи ја улогата на шарените, (парафразирам) дека е водена од сосема други и опасни центри на моќ (Сорос, СДСМ).

Секако дека е преутопистички да се верува дека со овој пресврт- влез на шарените во политиката, се закопани сите можни идни идеи за исклучиво партиска доминација, која повлекува и некаков вид тиранија, тогаш кога политиката се води исклучиво од партиските центри на моќ.

Оваа дебата која секојдневно се води и во  опозицискиот камп (се разбира, не само партискиот) има веќе донесено решение, кое ќе ја формира иднината на оваа земја, за што и во интервју пред некој ден и ми го изјави и самата Радмила Шеќеринска. Говорејќи за свесноста од важноста шарените да бидат дел од опозициските изборни листи, постои согласност дека сега  е време да се случи тој пресврт.

Што со дебатата која се водеше за улогата на шарените револуционери (граѓанскиот сектор) и согласно нивната значајност, големите очекувања за нивното место во партиските преговори?

Но, тоа празно столче кое го добија на преговорите е најдоброто решение за граѓанскиот сектор, колку и сега да се гневни и лути, да се чуствуваат маргинализирано и отфрлено.

Затоа што, политички наивно би изгледало да се верува дека вистинските преговори се водат на јавна сцена, токму на преговарачката маса, тогаш кога конфронтациите и високите децибели не дозволуваат здодевни и бирократски преговори.

Легендата вели дека поинаку изгледаат и други преговори, оние зад затворени врати, очи в очи,  на некои актери, чии имиња сега не ги знаеме, а можеби и никогаш нема да бидат обелоденети.

Што не е фер, секако дека не е во ред и не е демократски, но кој вели дека политиката секогаш подразбира правда и целосна вистина, дека е романтична, вистинољубива и бескомпромисна поезија.

Еднакво како што револуцијата секогаш не подразбира ситуација кога ви удираат шамари а вие од барикадите нудите исклучиво црвено, росно цвеќе, пропратено со мировен танц и патетична хипи-песна. Тоа цвеќе некогаш мора да биде засадено и закопано во саксија, за да ја стигне вистинската глава на деспотот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.