Јована Тренчевска: Вчера и денес кога тагува цела Македонија најмалку што треба е политиката да се вмешува. Настрана од оваа болка треба да стои секој политичар кој сака на тагата на народот да добие политички поени. Не треба да ни сервирате фотографии од посети на политичари на децата кои се хоспитализирани во болниците. Цела свита со беден ПР за ситни политички поени. Одете посетете ги но без фотографии. Така ќе покажете вистинска загриженост. И на Јаневска да и порачам што бараше министерке на собирот на студенти? Зарем немате трошка морал? И каков е тој рецитал на песната од Ацо Шопов? Кој ПР ве намести? Тргнете ги рацете од децата! Тргнете ја вашата подлост од тагата!И министерке Јаневска, поезијата на Ацо Шопов.”Ако носиш нешто недоречено, нешто што те притиска и пече, кажи го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, безобразно е вие како политичар да ја рецитирате! Која подлост!