Вратата на редакцијата е заклучена. После 23 години, првпат не се подготвува нов број на весникот „Врањски“, а главниот уредник Вукашин Обрадовиќ започна штрајк со глад.
Поддршка за Вукашин Обрадовиќ
Долгогодишниот новинар, некогашен претседател на Независното здружение на новинари Србија (НЗНС) и основач на неделникот „Врањски“, Вукашин Обрадовиќ во вторникот, 19 септември почна штрајк со глад поради ситуацијата во професијата за чии основни постулати храбро и бескомпромисно се борел низ годините.
– Ова е мој личен чин и одлука да пробам уште еднаш, всушност последен пат, да привлечам внимание пред се на новинарите и новинарките, но и на сите граѓани, на целата бесмислена борба за слобода на медиумите која ја водиме во последните триесетина години – напиша во писмото до јавност, само ден откако беше објавено дека „Врањски“, еден од најзначајните локални весници во Србија, кој негувал храбро и професионално новинарство е згаснат по 23 години постоење.
„Врањски“ во почетокот на 2003 година бил првиот медиум во Србија кој пишувал за педофилијата во Српската православна црква, а новинарите на тој весник се добитници на сите релевантни награди кои се доделуваат во новинарство во Србија, меѓу кои се и „Југ Грижељ“, „Сташа Маринковиќ“, „Душан Богавац“.
Вукашин Обрадовиќ до заминувањето од местото претседател на НЗНС, беше гласен критичар на режимот на Александар Вучиќ и многу често укажуваше на состојбата во која западна новинарската професија во последните години. Неговиот последен потег, колку и да ни е поразително што дојде до него, зборува за тежината на состојбата на новинарската професија и потполната беспомошност таа да се заштити дури и на позицијата на која беше. Ако некој е свесен колку е тешко да се бори за основните постулати на нашиот еснаф, преку контактите со властите и меѓународните организации, тоа секако е Вукашин Обрадович.
– Не барам ничија помош, ни поддршка. Дури и таквите понуди ги сметам за лицемерни. Затоа што, кога тоа беше смислено, наидував на затворена врата. Јас сум само очаен човек, новинар, татко и сопруг, немоќен да се соочам со реалноста со која полека сите се навикнуваме да живееме – пишува во дел од писмото на Вукашин Обрадовиќ до јавноста.
Реалноста на односот на власта кон новинарите кои чесно ја работат својата работаго илустрира и последниот пример на уредникот на порталот КРИК, Стеван Дојчиновиќ, на кој партијата на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулина, по објава на текст за неправилностите околу купување на стан, покрена хајка, нарекувајќи го наркоман.
Новинарскатата мрежа досега реагираше на поедини физички напади и закани кон наши колеги на постјугословенските простори. Предупредувавме на последиците од креирање атмосфера на отворен лов во кој е невозможно да се работи нашата новинарска работа. Овој пат бараме од сите меѓународни организации конечно да почнат да работат во интерес на нашата професија и интересот на самото општество за чија демократизација имаат мандат, посебно откако Србија стана кандидат за членство во ЕУ.
Поалармантен повик за помош, од потегот на Вукашин Обрадовиќ, кој својот живот го стави на коцка поради ситуацијата во професијата и земјата – нема.
Конечно мораме да сфатиме дека загрозувањето на работното место и самата професија, понижувањето и човечко и професионално, со кое се изложени многу медиумски и други работници во оваа земја, е загрозување на човечкиот живот.
Ние, долупотпишаните медиумски работници, стоиме покрај нашиот колега Вукашин Обрадаовиќ, човечки и професионално, како и покрај колегите од „Врањски“ и бараме од власта и меѓународните институции и организации да обезбедат минимум услови професионално да ја работиме нашата работа.
Новинарска мрежа, 19 септември 2017
Новинарска мрежа е неформална асоцијација на новинари од постјугословенските простори, составена од повеќе десетици новинари кои се обединија како солидарен одговор на професијата на паѓањето на нивото на медиумскиот простор и безбедноста на новинарите во регионот, но и драстичен пораст на загрозување на етичките норми на известување, меѓу другото и ескалација на говорот на омраза.

