Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека 29 лица починале од колера во земјата.
Вчера беа потврдени се 338 случаи на болеста, што е најголема бројка од нејзиното откривање во минатиот месец.
Најголем број на починатите се регистрирани во покраината Алепо.
Според Обединети Нации, во Сирија има најлоша епидемија на колера во изминатите неколку години.
Колерата е болест предизвикана од бактеријата Вибрио, која се пренесува преку храна и вода. Колерата предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото и може да биде фатална по животот доколку не се лекува.