Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку отчетот за Скопје 2014 е отчет

0
By Сашка Цветковска on April 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Презентацијата на трошоците за проектот Скопје 2014 која се одржа во понеделникот во Владата на РМ, а каде министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ и директорот на Службата за општи и заеднички работи Васил Донески голем број од медиумите ја нарекоа “отчет” за трошоците за Скопје 2014. Министерката изјави дека “проектот чинел само 207 милиони евра, а не половина милијарда евра како што тврдела опозицијата”.

Но, дали и колку отчетот е отчетен? Хронолошки, отчетот, како што го нарекуваат владините претставници, не беше најавен преку сервисот на МИА (Македонска информативна агенција), туку добар дел од новинарите кои работат за медиуми кои во јавноста често се етикетираат како опозициски од страна на одредени медиуми и владини и партиски претставници, за отчетот дознале од колегите, па повеќето од нив и задоцнија.

-За отчетот видов на кајрон на една телевизија. Соопштение со најава за тој настан не стигна, иако вообичаено тие најави стигаат преку МИА. Од владата велат дека тие го пратиле соопштението, но кому го пратиле не знам, кај нас не стигна, а од други медиуми колегите се пожалија дека дознавале преку трети луѓе за настанот, вели Зорана Гаџовска од Радио слободна Европа.

Вака или онака, поголемиот дел новинари стигнаа на отчетот. А што тој содржеше? На новинарите им беа поделени речиси сто страници печатен материјал. Половината од тие сто страници беа црнобели фотографии од спомениците и објектите за кои се потрошени пари, испечатени на обичен принтер. Секако, намерите не ни се да спориме околу квалитетот на печатење, туку да ја илустрираме брзината со која тој материјал се печател, а за што илистрација се и многубројните печатни грешки. Нова понатаму во текстот ќе ви презентира скенови од содржината на тој отчет за кои оценивме дека најдобро го илустрираат недостатокот од отчетност за Скопје 2014.

Оваа фотографија или скенирана страница од отчетот е за Стариот театар. Содржи назив на објектот, негова фотографија и листа на трошоци. Ја има вредноста на основниот договор (кој не е договор за целосен објект, ами договор за затворена карабина?), трошоците за столари, завеси итн итн. Но, нема придружни фактури, фирмите кои тоа го изведувале и слични “детаљи” кои би требало да ги содржи еден реален отчет.

Следните фотографии се од табелите за трошоци на Портата Македонија и зградата на Министерството за внатрешни работи.

Може да се забележи дека и методологијата на пресметки не е секаде иста. На пример, надлежните за дел од објектите известуваат колку тие чинат по метар квадратен, а за дел не. ЗА МНР е наведено дека тоа чини “околу 1370” евра по метар квадратен, а за портата не. Според нашите пресметки, портата чини, ќе го употребите речникот на министерството и зборчето “околу” 10.000 евра по метар квадратен.

Понатаму, некаде пресметките се во денари, некаде во евра. А се прави и строга дистинкција помеѓу градбите кои се и градбите кои не се дел од Скопје 2014. Оваа фотографија илустрира што се влегува во она што не е дел од Скопје 2014. Па надлежните напишале “Спецификација на реализирани трошоци за спомен обележја и објекти кои не се дел од Скопје 2014 и не се прикажани во визуелизацијата, а некој би можел да се обиде да ги поврзе со проектот Скопје 2014” (сето со печатни грешки). Сето она пак, што не е дел од Скопје 2014, а некој може да се обиде да го поврзе чини 55 милиони евра. Во него влегува и споменикот на Филип втори придружен од Олимпиите во повеќе варијатни.

Тука се и спомениците кои ги правеле општините. Владата напоменува дека тоа не е дел од Скопје 2014 и не е направено со пари на владата, а во речиси сите проекти на општините со донации кои достигниваат и до 90 проценти учествува Министерството за култура

Некаде во отчетот и не се знае колку точно чини нештото, па се оди со прогнози.

Во основа, отчетот е составен од наредени суми за потрошени работи, а нема ниту еден договор со изведувачите, фактури за набавките, што и како се купувало, од кого, кои биле критериумите и слично, нешто што новинарите кои долго време истражуваат во оваа област го бараат од надлежните.

-Јас од општина Центар ги барав хонорарите на уметниците долго време преку законот за слободен пристап до информации. Не ги добивав. Исто така, големо прашање е како некој автор добил хонорар од кој тој потоа исплаќа пари на мајстори и фирми. Кои се критериумите? Каде се сметките, фактурите, да видиме како и кому е сето тоа исплатено, вели новинарката Мери Јордановска.

– Мислам дека прашањето за отчетност за проектот Скопје 2014 се уште е отворено со оглед на тоа што во владините материјали кои им беа доделени на новинарите беа наведени само податоците за парите кои патем не беа целосни. На пример колку останала должна владината служба за општи и заеднички работи не е наведно. Во материјалите ги немаше на увид договорите со фирмите кои ги изведуваат градбите, податоци за условите во кои тие договори се склучувани. И она што е најмногу недостасува како одговор е зошто е дозволено сумата од 80 милиони да порасне неколкукратно, и се разбира кој е виновен за тој превид, вели новинарката Зорана Гаџовска.

Прашањата за тоа како се направени трошоците за Скопје 2014 се уште остануваат отворени. А новинарите кои долго време ги следат работите и кои со години чекаа одговори за потрошените пари чекаат реален отчет.

Забелешка: за поголема читливост на фотографиите во текстот употребете зум на вашиот пребарувач за да ги зголемите (“ctrl” и “+” на тастатурата)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.