„Сојузот за индината“денеска на пладне со автомобилски караван по улиците на Скопје го изрази својот протест поради, како што велат „суспендирањето на демократијата и згаснувањето на слободата на изразување“, со барање за одржување предвремени парламентарни избори.
Караванот тргна од населбата Аеродром, кај салата на МЗТ Скопје, продолжи кон Ново Лисиче, а потоа по булеварот Јане Сандански, низ Центар покрај Собранието на Македонија и „Теодосиј Гологанов“ пристина кај комплексот Порта Влае.
Од Влае опозицискиот моторизиран караван продолжи по булеварот „Партизански одреди“ и пристигна кај Владата.