За да се отстранат пречките за НАТО и ЕУ, Македонија мора да ги унапредува односите и со соседите, особено со Бугарија и Грција, иако има отворени прашања со нив. Освен тоа,треба да ги унапреди билатералните односи со клучните земји како што се Франција, Германија и САД и да создава пријатели во Европа и во светот, изјави претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски во интервју за МИА, кое го пренесуваат македонските медиуми.
Според него, нема гаранции дека промената на името ќе значи веднаш влез во НАТО и ЕУ.
Неопходна е, вели, поголема обединетост за прашањето за името и националните интереси.
Настојувањата на ОМД, вели Колоски се да ги анимира Македонците низ светот активно да ги промовираат интересите на Македонија. Проценка на организацијата е дека надвор од Македонија живеат меѓу два и 4,5 милиони Македонци.