Во вторник (03.05) ќе се промовира формирањето на нов клуб за бугарско-македонско пријателство како и повелба за неговите цели и задачи. Информацијата до медиумите ја лиферуваа Атанас Шарков и историчарот Стефан Дечев.
Во информацијата уште се наведуваат и основачите од македонска и од бугарска страна. Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања , Михаил Иванов, а од македонска страна филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.
Станува збор за граѓанска иницијатива, во чиј фокус нема да бидат теми што се однесуваат на ветото иако сме сите против него, вели во изјава за НОВА, филозовката Катерина Колозова, ниту конфликтните моменти како историја, јазик или да даваме некои препораки околу тоа..
– Ова е замислено да биде како платформа на добра волја, за да се надминат ксенофобијата и предрасудите , каде ќе се комуницира интелектуално и културно, платформа преку која ќе се надмине таа параноја која ја имаме во меѓуопштествената клима, изјави Колозова за НОВА.
(М.Т.)