Стотици колеги, пријатели и соработници на денешната комеморација се збогуваа со великанот на македонското независно новинарство, Никола Младенов.
На комеморацијата зборуваа Тамара Чаушидис, претседателката на новинарскиот синдикат, Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, неговиот соработник и уредник во Фокус, Бранко Геровски, и сопругата Билјана Младенова, но и многу други негови соработници.
На крајот од комеморацијата, наместо едноминутно молчење, сопругата Билјана побара аплауз за Никола Младенов. .