Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коментар на Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Н. Е. Лариса Дир, специјално за Цивил, во врска со Меѓународниот ден на човековите права

0
By Gabi Tocko on December 12, 2022 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 10 декември 2022 година, прогресивниот свет го одбележа Меѓународниот ден на човековите права. Овој ден беше одбележан и во Украина, вклучително и од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Со цел да се утврдат и обезбедат правата и слободите, со поддршка на одлуката на Генералното собрание на ОН за одбележување на Денот на човековите права на 10 декември, во контекст на Универзалната декларација за човекови права, Претседателот Зеленски издаде и посебен Указ, на 9 декември 2022 година (бр. 854).

Истиот ден, 10 декември, рф, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, продолжи со гранатирање на украинските територии и напади со дронови, уништување на енергетската инфраструктура на Украина. Последица од тоа беа десетици убиени и ранети лица, илјадници без греење, струја и вода. Ракети го погодија и породилното одделение на медицинска установа во Херсон.

Универзалната декларација за човекови права од 1948 година стана првиот основоположувачки меѓународен документ кој ги регулира основните човекови права и слободи. Токму овој документ стана основа за многу конвенции од областа на човековите права. Ако за демократските држави Декларацијата и другите конвенции и документи во оваа област создадоа правна основа за еволуција на концептот на правото, тогаш рф, започнувајќи ја агресивната војна против Украина, ги создаде основите за деградација на човековите права, вклучително и во сопствената држава.

Правната свест на политичкиот естаблишмент на рф не ја достигнува ни нулата, а одредбите од уставот на рф за правата и слободите на човекот и граѓанинот се, исто така, извор на руска дезинформација.

рф убива украински граѓани, ги измачува, ги подложува на тортура, уништува станбени згради, болници, училишта, критична инфраструктура, прибегнува кон тактики на „изгорена земја“, додека во нејзиниот устав се зборува за „гаранција на правата и слободите во согласност со општо признатите принципи и норми на правото“. Тоа е, практично, богохулење на државата-убиец. Според извештајот на Мисијата за набљудување на човековите права (објавен на 7 декември 2022 година), само во првите шест недели од руската инвазија од големи размери против Украина, 441 цивил биле убиени од руските окупатори во три нејзини области (работата на Мисијата продолжува, за жал, бројот на жртви ќе се зголемува).

На 9 декември 2022 година, светот го одбележа споменот на жртвите на злосторството геноцид – Меѓународниот ден на сеќавање. Злосторничкиот режим на кремљ, со намера да го уништи украинскиот народ, која не згаснува со години, продолжува да врши геноцид, кој го започна во 20-тите и 30-тите години на 20-тиот век во Украина. Убивањето со глад во 1932-1933 година во Украина, убиство, тортура, мачење во Буча, Изјум, Ирпин, Макарив, Мариупол, Херсон во 2022 година – злосторничка секвенца на господарите на кремљ.

Оној кој ги почитува човековите права треба да укажува на тоа. Се зголемува бројот на држави кои го прогласија Гладоморот од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ, а се зголемува и бројот на држави кои влегоа во процесот на подигнување на обвинение за геноцид, во согласност со Конвенцијата за спречување на кривичното дело геноцид и неговото казнување, инициран од Украина против рф во Меѓународниот Суд на ОН.

Секој човек има право на живот и слобода (член 3 од Универзалната декларација за човекови права). Украина се бори за животот и слободата не само на нејзините граѓани. Претседателот на Украина предложи 10 чекори за Формулата за мир:

  1. Радијациона и нуклеарна безбедност.
  2. Безбедност на храната.
  3. Енергетска безбедност.
  4. Ослободување на сите затвореници и депортирани.
  5. Имплементација на Повелбата на ОН и обновување на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок.
  6. Повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија.
  7. Враќање на правдата.
  8. Спротивставување на екоцидот.
  9. Спречување на ескалација.
  10. Фиксирање на крајот на војната.

На Украина ѝ треба помош во спроведувањето на Формулата за мир за обновување на нејзиниот територијален интегритет, мир и човекови права. Секоја држава може да помогне во имплементирањето на кој било чекор од предложената Формула заедно со Украина.

Извор: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.