НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисија за заразни болести: Не е направена супер-анализа, примерокот е заклучен

0
By Менче Атанасова Точи on August 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за јавно здравје демантира дека е извршена супер-анализа на мострите земени од производството на Екстра меин кои се повлечени од прометот бидејќи, како што велат примерокот за испитување останал запечатен во Центарот за Јавно здравје во Велес. Со ова Институтот го отфрла резулатот од супер-анализата направен во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина, за кој од таму тврдат дека е дефинитивен и во кој се покажа дека во свинскиот врат на Екстра меин нема листерија.

„На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше заклучено дека супер-анализа се уште не е направена, затоа што примерокот за супер-анализа се чува запечатен во Центарот за јавно здравје во Велес. Тоа е примерок кој што е земен во исто време и од исто место со примерокот во каде што е утврдена листерија.

„Според тоа во целост ги демантираме изјавите на поединци дека е извршена супер-анализа, со што јавноста се доведува во заблуда. Наодот на кој што тие се повикуваат се базира врз анализа на примероци од повлечени лотови од промет, тврдат во Институтот за Јавно здравје.

Напоменуваме дека официјалниот примерок за супер-анализа ќе се испитува во меѓународен референтен центар, чие име нема да биде објавено заради избегнување на евентуални притисоци и добивање објективен резултат“, соопштуваат од Институтот за Јавно здравје.

На состанокот на Комисијата за заразни болести пак, денеска било одлучено до Основното јавно обвинителство да бидат доставени изјави  од Институтот за јавно здравје во Скопје, Центарот за јавно здравје од Велес, Институтот по микробиологија и паразитологија, како и изјавата на Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина со која ќе биде побарано да се испитаат наведените искази од Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митрев.

Деканот Митрев во изјава за НОВА вчера изјави, а тоа го потврдија и во лабораторијата на Факултетот дека испитувањата кои се прават во Институтот за јавно здравје се промашени.

Тој објаснува дека н е постојат методи за испитување на бактеријата листерија какви што применува Институтот за јавно здравје со кој се докажува дали има или нема листерија, без да се утврди бројот на бактериите што е од пресудно значење. Овие методите постојат но, никако за испитување на листерија, тврди Митрев.

Од Комисијата соопштуваат дека досега е извршена анализа на околу 900 мостри, од кои во 40 случаи е докажана листерија(listeria monocytogenes) кај производи кои се предмет на натамошна термичка обработка.

На најголем дел од нив е извршена генотипизација, при што докажани се генотипови кои не се исти со оние кои беа причинители на листериоза кај луѓето, освен во една мостра од вакумиран сечкан свински врат, произведен од Екстра-меин од Куманово, каде е докажана листерија(listeria monocytogenes) и каде извршената генотипизација покажува 98% идентичност со генотипот на листеријата која предизвика заболување кај луѓето. 

“ Од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Факултетот за ветеринарна медицина, Комисијата за заразни болести е информирана дека листерија е утврдена кај уште еден примерок од вакумиран свински врат произведен од Екстра-меин Куманово (лот 071760028, пакуван на 10.07.2014 г.). Примерокот од свински врат е донесен на испитување за присуство на листерија(listeria monocytogenes) од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, а земен е од приватно лице кое претходно го отворило производот и конзумирало од истиот.

Од тие причини, од лицето е побарана своерачно потпишана изјава со која лицето бара да се испита примерокот од свински врат поради извршеното конзумирање, и истата, заедно со лабораторискиот наод е доставена до Основното јавно обвинителство во Скопје, во прилог на претходно доставената документација за поведената кривична пријава против непознат сторител. 

Од Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет, посочија дека станува збор за исклучително вирулентен сој на бактеријата листерија(listeria monocytogenes), што значи дека има потенцијал лесно да предизвика болест“, соопштуваат од Комисјата за заразни болести..  

Од таму посочуваат дека Агенцијата за храна и ветеринарство почнувајќи од 29 јули има воведено задолжително испитување на секој лот од месни и млечни производи, произведени од овој датум. Исто така, беше посочено дека за сите позитивни мостри се води соодветната постапка и сите се доставуваат на типизација во Институтот за ветеринарна медицина. 

„Комисијата за заразни болести констатирала дека континуирано се вршат увиди од страна на инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и претставници од Центрите за јавно здравје, во производствени погони од месни индустрии, млечни индустрии, се земаат мостри за лабораториска анализа од производство и промет, со цел утврдување на безбедноста на прехранбените производи. Сите потребни документи и резултати од извршени анализи редовно се доставуваат до Основното јавно обвинителство – Скопје“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.