Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата на Јункер доби зелено парламентарно светло

0
By Светлана Јовановска on October 22, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата Европска комисија (ЕК) на Жан-Клод Јункер на пладне доби зелено светло од Европскиот парламент за да започне со работа на 1 ноември. Парламентарците ја одобрија новата ЕК со 423 гласа “за”, 209 “против” и 67 воздржани. Конечното зелено светло треба да го дадат лидерите на ЕУ на самитот кој на крајот на оваа недела се одржува во Брисел.

Најголемиот број на проддршката за новата ЕК дојде од редовите на демохристијаните, социјалистите и либералите. Партијата на зелените и радикалната левица гласаа против а групата на Европски конзервативци и реформисти беа воздржани.

Во својот говор пред гласањето новиот претседател на ЕК Јункер најави неколку чекори кои од него ги бараше ЕП. Така, портфељот на културата ќе му биде доделен на Гркот Димитрис Аврамопулос а не на Унгарецот Тибор Наврашчич, близок од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарецот ќе биде задолжен за спорт во новата ЕК.

Потпредседател на ЕК ќе биде Холанѓанецот Франс Тимерманс кој е социјалист и кој ќе треба да биде еден вид гарант за портфељот на енергија и клима, шпанскиот комесар Мигуел Ариас Кањете кому ЕП не му покажа голема доверба поради неговите врски со нафтената индустрија.

Јункер се обврза исто така дека ќе инвестира 300 милијарди евра за економијата. Новиот претседател вети дека дека неговата ЕК ќе биде помалку технократска и повеќе политичка од претходната на Баросо. Освен тоа, Јункер им рече на пратениците дека ќе се врати на одлучување во кое ќе биде асоциран ЕП кој повеќе нема да биде орган за “кревање рака” на одлуките на владите на земјите членки. Според Јункер, “ова е Комисијата на последната шанса”.

Зборувајќи за проширувањето и критиките дека овој портфељ го доби името “преговори за проширување” наместо само “проширување”, Јункер рече дека не се согласува со оваа забелешка. Според него, отфрлањето на зборот “преговори” ќе донесе илузии кај земјите кандидати за членство. Јункер смета дека во наредните пет години, додека тој ја води ЕК, нема да има нови проширувања на ЕУ но ќе може да има преговори за членство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.