Профункционира Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, членовите ќе работат секојдневно до крајот на јули, а за два месеци работата треба да биде завршена и согледувањето и евентуалните препораки од Комисијата да бидат доставени до лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
– Ќе имаме мониторинг од ЕУ, може да дојдат набљудувачи и треба да предвидиме кои права ќе ги имаат луѓето, изјави претседателот на Комисијата, Борче Давитковски.
Комисијата ги очекува документите од Собранието за настаните, како и од пратеничките групи. Денеска се одржа првиот работен состанок на експертите – Дескоска, Дулиќ, Фрчкоски и Димовски.
Формирањето на Комисијата е еден од условите од договорот меѓу претставниците на Европската унија со власта и опозицијата во Македонија, постигнат на 1 март годинава, со цел да се надмине политичката криза.
Во видеото погледнете дел од настаните на 24 декември, минатата година.