Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид-19.
Во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија.
На состанокот не се доставени нови рестриктивни мерки од комисијата, но рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови.
Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски за денеска во 13 часот закажаа прес-конференција.