Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комитетот за надворешни гласа за Резолуцијата за Македонија

0
By Нова ТВ on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент попладнево на својата редовна седница во европскиот законодавен дом во Брисел ќе гласа за Резолуцијата за Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Известувачот за нашата земја од ЕП, Ричард Ховит се очекува да ги претстави споените амадмани од вкупно 203-те поднесени на последната седница на АФЕТ и Европарламентот да го даде своето мислење во однос на последниот извештај на Европската комисија за Македонија од октомври минатата година.

Со оглед на тоа што октомвриската оценка на ЕК беше позитивна за македонскиот напредок во политичката демократија и евроинтеграции, вклучувајќи и препораката за почеток на пристапните преговори со Европската унија, денеска се очекува во ЕП да биде потврдено сето ова и од европарламентарците. Иако во денешната Резолуција на АФЕТ се очекува да биде нотирана политичката криза што изминатите месеци ја создаваше опозициската СДСМ, етничките тензии и штотуку завршените локални избори, според најавата на известувачот Ховит за МИА од пред десетина денови, оваа Резолуција во целост се очекува да биде позитивна за Република Македонија.

– ЕП ќе се справи со овој извештај во позитивна и конструктивна рамка и јас сум сигурен дека така ќе биде – вели Ховит, кој додаде и дека придавката „македонски“ ќе биде употребена еднаш, а пред неколку дена на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ посочи и дека Европскиот парламент во Резолуцијата за нашата земја ќе побара и итен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Откако Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе ја усвои Резолуцијата на Македонија, се очекува таа месецов да биде одобрена и на пленарна седница на Европарламентот по што ќе биде комплетирано ова во правна смисла мислење на европскиот законодавен дом за европската перспектива на земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.