Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Компромитирани гаранции – кога треба(ло) да се направат уставните измени?

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се чини дека вистината дојде брзо. Побрзо отколку што било кој (од политичката сцена) посакуваше. А, кога доаѓа вистината манипулациите и заблудите се рушат како кула од карти. Вистината е една, уставните измени и идентитетот никогаш не биле проблем. А, што е тогаш проблемот, за кои беа потребни три години, манипулации и дезинформации, предизборна и изборна заблуда? Дали проблемот е – да има проблем кој никогаш не смее да се реши?

Никица Корубин

Целата сага со уставните измени, која деновиве “наполни” точно три години, добива мазохистички шмек. Одбивањето да се исполнат обврските на државата од преговарачката рамка, со попатно суспендирање на извршната и законодавната власт, кои со одлуката на Советот на ЕУ, повлекува директно и без одлагање одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на првите поглавја; ја достигнува својата кулминација на апсурдот.
Откако “се потрошија” сите изговори – од “репреговарање на преговарачката рамка”, преку “уставни измени со одложено дејство” до “гаранции за уставните измени” – кога гаранциите дојдоа, наместо со раширени раце, беа пречекани во манирот: внимавај што ќе посакаш, можеби и ќе ти се оствари. Па, така “алатката” во форма на “заштита на идентитетот”, се чини ја изгуби својата улога на “недопирлив параван”, позади кое се крие здружената анти-ЕУ и анти-европска суштина, на која веќе не и помага ниту една, само привидно вешта форма.
Во Извештајот на ЕУ, “македонскиот идентитет и јазик” се споменува на две места, од кои едниот, клучниот, е во членот 2: “Европскиот парламент го повикува Европскиот совет да пружи јавна и недвосмислена Поддршка на Северна Македонија во нејзината намера, брзо и безусловно, да донесе позитивна одлука за влез во следната фаза на пристапните преговори, после исполнувањето на условите од своите Заклучоци од 18 јули 2022 година, со потполно почитување на македонскиот јазик и идентит”. (превземено од Радио Слободна Европа)
Ова се всушност “гаранциите” со кои власта, според сопствената реторика дома, но се чини уште поважно во ЕУ, треба да пристапи веднаш (брзо и безусловно) кон уставни измени. Според тоа, главната тема во јавноста мора да биде: дали седницата за уставните измени ќе биде закажана во јули месец, кога ќе следи дополнување на заклучокот за Северна Македонија, со “гаранциите”? Откако, процесот се враќа од европскиот совет на европскиот парламент, дали сега таму, со нетрпение се очекува “некоја блокада”, не по наша вина?
Но, “за чудо” уставните измени не се споменуваат воопшто. И тоа токму тогаш кога “долгоочекуваните гаранции” доаѓаат во “дупла доза”: и од страна на ЕУ и од страна на Бугарија (со усвоената резолуција во нивниот парламент, јасно декларираа дека никакви други барања нема, надвор од преговарачката рамка). Па, каде е радоста и еуфоријата на “бранителите на идентитетот”, каде се про-европските партии, каде се ЕУ спонзорираните (невладини) експерти, каде е цела “аналитичка јавност” и “независни медиуми” да ги прослават гаранциите за идентитетот?
Па, чуму овој молк и збунетост? Дали завладеа тага, поради отстуството на било каква блокада, изминатава година, од страна на Грција и Бугарија, па сите “итарпејовски” итрини беа насочени кон извештајот на европскиот парламент, кој добро ја осветлува “излезната стратегија” за предизборната реторика на власта; но никако не може – логички и рационално – да ја осветли владино-опозиционата реторика изминативе неколку недели, на константно и авансно дезавуирање и компромитирање на необјавениот извештај, во чуден само-саботирачки и само-блокирачки манир.
Во кој “процес” некако со некаква чудна коинциденција и “легитимирање” се вклопи и излегувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН и власта, под изговор дека, оваа влада и власт ја блокира европската иднина, во време кога ЕУ го подготвувала извештајот, со која всушност се “гарантирала европската иднина”. И идентитетот. И всушност, апсурдно и контрадикторно, се стави на иста линија со молкот на ВЛЕН, “гарантите на ЕУ интеграциите”, за клучниот процес кој се одвива(л) од страна на ЕУ, а за кој нашата партиско-политичка елита, стравува и да го спомене, а не па да го спроведе.
Па, очигледно непостоечката формулација за “многувековниот идентитет” непредизвикана од ниту еден медиум и новинар, која извршува јавна функција и на овој начин директно ја доведува во заблуда јавноста за вистинската содржина на извештајот, некако совршено добро (и конзистентно) беше “поддржана” од формално опозициската СДСМ, и круговите околу нив, кои сега во улога на “поголеми патриоти од патриотите”, веднаш и без одлагање, се вклопија во реториката за “предавство” преку “модерноста на идентитетот” наместо за иницирање на уставните измени.
Но, после сите манипулации, релативизации и компромитации, очигледно е дека ЕУ прави се’ за да излезе во пресрет на “потребите на власта”, за да може да ги заврши превземените обврски и да ја деблокира државата. Но, дали тие “потреби” кореспондираат со потребите на граѓаните? Дали вистината е дека летово треба(ло) да се заврши процесот со уставните измени?
Се чини дека вистината дојде брзо. Побрзо отколку што било кој (од политичката сцена) посакуваше. А, кога доаѓа вистината манипулациите и заблудите се рушат како кула од карти. Вистината е една, уставните измени и идентитетот никогаш не биле проблем. А, што е тогаш проблемот, за кои беа потребни три години, манипулации и дезинформации, предизборна и изборна заблуда? Дали проблемот е – да има проблем кој никогаш не смее да се реши? Бидејќи, ако се реши, ќе се види дека проблем никогаш и немало. Северна Македонија веднаш во ЕУ. Брзо и безусловно. Тоа ли е проблемот, зад кој се крие секоја вистина?
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
ЕУ Никица Корубин уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.