Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кому му служат Заев и Ципрас

0
By Биљана Секуловска on January 27, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е најава на едни нови, тажни, кобни времиња, ако Заев и Ципрас дојдат до решение за името.

Требаше навреме да знаеме, требаше навреме да ги спречиме да се родат, да не водат, да дозволиме да им се спомене името.

Тие се млади, неискусни, премногу наивни, идеалисти, никому не служат, каква политичка порција мислат дека ќе им обезбедат на своите земји, на народите, на иднината?

Зарем крвта повеќе нема да живее во нашите земји?

Што воопшто знаат тие? Ништо, ништо не ги засега, не се сеќаваат на ништо, не одат никаде, кому воопшто служат овие двајца?

Дали воопшто тие слушнале за балканските војни? Залудно ли беа потрошени сите оние тони крв, зачепени мозоци, напишани истории на смртта, исклесани споменици, исковани медали за крвожедство, омраза и уште повеќе трагедии?

Заев и Ципрас ништо од сево ова повеќе не се сакаат да знаат, ниту да се повтори.

Ех, каква штета за слатките братоубиствени војни на териториите на поранешна Југославија, што имаа Милошевиќ, Аркан, Туѓман, од тоа?  Зарем Вуковар е мртов, Сребреница фрлена под нозе, ништо од ова зарем не се смета за подвиг, што тоа сега воопшто некому ќе му значи?

На Заев и Ципрас секако, ништо од ова повеќе нема да сакаат да биде повторено во иднината.

Зарем ќе станат осудени повиците за убивање, колењата на усташите, четниците, бришењето на кирилицата, поливањето на латиницата, забраната да се говори на мајчиниот јазик, зарем скандирањата “Шиптари во комори” ќе бидат  осудени на пропаст, зарем треба да се дозволи да не се палат македонски, грчки знамиња?

Не, Заев и Ципрас повеќе не сакаат да водат вакви земји.

Зарем ќе дозволиме да не сопрат да војуваме со страст, да се мразиме со сласт, да се делиме и парчосуваме, да се гледаме преку нишанот од рововите, да се доуништиме и сотреме до крај, на традиционалниот балкански касапски начин, како што само можевме до вчера?

Ако сето ова го сторат Заев и Ципрас, ако не вовлечат во пријателство, подадена рака, мирни денови и ноќи со длабок сон,  наместо довчерашните непријателски изгубени години, децении, па и векови, можеме да ги прогласиме, да се овековечиме сите заедно за луѓе кои вредат да добијат посебно, изгланцано место во новите историски читанки.

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.