Амбасадата на Австрија и Францускиот институт во Скопје вечер организираат концерт на оргули во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, по повод одбележувањето на франкофонијата.
Во изминатите години заедничките допирни точки на двете култури се пронаоѓаа во филмот, а оваа година двајца млади австриски музичари, Симон Хаметнер и Михаел Мајер, ќе изведуваат музика од франкофонски земји на единствените оргули во Македонија, соопштија организаторите.
Музичарите од Австрија ќе изведат дела од белгискиот композитор од 19 век Цезар Франк, од францускиот ренесансен мајстор Пјер ди Маж и од француските композитори на 20 век Жан Лангле, Јехан Ален и Оливер Месијан.