Во САД има конфузија околу апсења на осомничени: Си-Ен-Ен ексклузивно објави вест дека е уапсен извесен осомничен, фатен од камерите. Бостонската полиција и Департментот за правда демантираа, за подоцна и официјално ФБИ да објави дека нема уапсен.
Претходно, двајца постари (сениор) официјални претставници и еден претставник на федералната власт на новинарот на Си-Ен-Ен Френ Таузенд му изјавиле дека имало недоразбирање помеѓу официјалните претставници и дека никој всушност не е уапсен.
Имено, претходно Си-Ен-Ен објави дека американските власти уапсиле осомничен во фаталниот бомбашки напади на Бостонскиот маратон, повикувајќи се на извор од федералната агенција за воведување ред и закон.
Детали за идентитетот на осомничениот и мотивот во моментов не се достапни, напиша Си-Ен-Ен, додавајќи дека иследниците го идентификуваа осомничениот врз основа на две видеа направени пред нападот од понеделникот.
Eден од видео клипови е снимка од надзорни камери од околната Лорд & Тејлор стоковна куќа, а другиот е снимен од страна на телевизијата Бостон- извор кој бил брифиран за истрагата ги кажал овие детали на Си Ен-Ен, но подоцна оваа вест е демантирана.