Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кони Френсис – милозвучен сопран на границата на плачот

0
By Нова ТВ on July 24, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Михаил Мице Бошковски

Од многубројните италијански доселеници во САД, се изроди уште една ѕвезда – Кони Френсис. Родена е во Њу Џерси на 12 декември во 1938 г. како Кончета Роза Марија Франконеро.

Музичкиот талент го покажува уште од најмала возраст кога под влијание на нејзиниот татко Џорџ почнува да свири на хармоника и да пее. Идејата на татко и не била таа да стане пејачка ѕвезда, туку да ја совлада хармониката и кога ќе порасне да не биде зависна од мажот туку да има свое училиште за хармоника.


Кончита и татко и Џорџ Франконеро

Но, уште при првите настапи како дете, ја забележуваат некои музички продуценти. По нивна препорака го менува името во Кони Френсис и ја става во втор план хармониката и целосно се посветува на пеењето. Името Кони Френсис го прифати само како уметничко, додека роденото, официјално не го промени.

Првата плоча ја снима на 17-годишна возраст за дискографската компанија МГМ. И не само првата туку и наредните седум не предизвикуваат интерес кај публиката.

Тогаш се запознава со Боби Дарин (1936 – 1973), во тоа време, еден од најпопуларните поп пејачи и автори во САД. Покрај соработката, меѓу нив се развива и страсна љубов, која наидува на отпор кај конзервативниот италијанец – таткото на Кони Френсис.

Тој сметал дека, со оглед на годините, прерано е таа да се врзува за еден човек, па уште кога слушнал дека сакале да побегнат заедно, се решил на радикален чекор.

Земал оружје и му се заканил на Боби Дарин дека ќе го убие ако не ја прекинат врската. Боби Дарин се исплашил и љубовта завршила. Во тоа време и компанијата МГМ била готова да го раскине договорот, бидејќи и покрај осумте издадени синглови немало никакви резултати.

Тогаш, по предлог на нејзиниот татко таа снима една стара песна од 1923 г. „Who’s Sorry Now?“. По една ТВ презентација, за кратко време песната станува многу популарна, достигнува милионски тираж и освојува четврто место во САД и број 1 во Англија. Тогаш Кони Френсис има неполни 20 год. и за кратко време, со својот милозвучен емотивен сопран кој на моменти е на границата на плачот, станува една од најпопуларните пејачки во САД. И како што обично бива, во наредниот период се редат хитови и успеси, па и учество во неколку филмови.

Во една прилика настапува и пред англиската кралица Елизабета Втора. Од хитовите вредни за одбележување се: „Stupid Cupid“ (1958 г., бр. 1 во Англија), „My Happiness“ (1959 г., постара песна првпат публикувана во 1948 г., бр. 2 САД, бр.4 Англија), „Mama“ (1960 г., познатата наполитанска песна на Чезаре Андреа Бицио која стана светски хит испеана и на англиски и на италијански), „Everybody’s Somebody’s Fool“ (1960 г., бр. 1 САД), „My Heart Has A Mind Of It’s Own“ (1960 г.,бр. 1 во САД и бр. 3 во Англија и „Don’t Break The Heart That Loves You“ (1962 г.,бр. 1 во САД).

Во наредниот период интересот за Кони Френсис спласнува поради напливот на британските групи на чело со „Битлси“ и „Ролинг стоунси“, но таа редовно издава тематски албуми со италијанскa, хавајскa, кантри, шпанска и друг вид музика и воедно настапува по луксузните ноќни клубови, се до крајот на 60-тите.

Потоа, извесен период се повлекува. До тука, може да се каже дека нејзината кариера се одвива добро. Но, во 1974 г. и се случува една многу непријатна сутуација, кога по еден настап престојува во еден мотел, каде што е нападната, претепана, ограбена и сулувана.

Тоа многу негативно и се одразува не само на кариерта, туку воопшто во животот, бидејќи долго време е во депресија и под постојана психијатриска нега.

Разбојникот не беше пронајден, а таа ја тужеше компанијата што го имаше мотелот за недоволна безбедност на собата, бидејќи било констатирано дека бравата не била исправна.

По долг судски процес успева да добие три милиони долари оштета. По инцидентот, цели седум години не се појавува на сцената, а истовремено има проблеми со претходно нестручно напрвената пластична операција на носот, па извесен период останува без глас.

На личен план има четири неуспешни бракови. Сите траат многу кратко. Очигледно љубовта кон Боби Дарин во младоста оставила длабоки траги. Во една своја изјава тоа и го потврди велејќи дека прекинувањетона врската со Боби Дарин ја смета за најголема грешка во животот.

Во 1981 г. кога конечно собра сили повторно да и се врати на музиката и се случи уште една трагедија. Нејзиниот брат Џорџ Џуниор, беше брутално убиен.

Од 90-тите год. на минатиот век Кони Френсис повторно со мали прекини е повремено активна. Во кариерата, се претпоставува дека снимила околу 2.000 песни од кои 500 биле популарни во разни земји по светот. Пееше на 13 јазика: англиски, германски, италијански, француски, шведски, грчки, јапонски, холандски, португалски итн.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.