Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конкурс во струшката болница ги проби сите рокови-шест месеци се бираа лекари

0
By Менче Атанасова Точи on July 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По цели шест месеци заврши конкурсот за избор на лекари во Општата болница во Струга, кој ги проби сите рокови. Агонијата е прекината денеска по голема неизвесност, работа со договор на дело, неплатени дежурства во време кога во цела држава, а посебно во Струга има недостиг од лекари. Новиот директор Муамед  Асани за НОВА потврди дека денеска конечно донел одлука и денеска конкурсот е затворен.

„Денеска донесов одлука, избрани се по конкурс 10 лекари, 6 медицински сестри, двајца фармацевти и исто толку лаборанти со високо образование и по еден биохемичар и медицинско техничко лице“, изјави за НОВА Муамед Асани, директор на општата болница во Струга.

Тој потврди дека сите лекари до сега работеле со Договор на дело, исто како и четворицата лекари во дебарската болница кои работат за 15 000 денари со Договор на дело за што во јавноста се крена голема врева. За ова министерот Филипче најави дека ќе ги испитува документите на лекарката која реагираше на ваквата злоупотреба на младите лекари, но не кажа дали има сознанија што се случува и во дргите болници.

Извори за НОВА во болницата во Струга објаснуваат дека конкурсот се развлекол заради претседателските изборите, но изборите завршија уште во април. Наводно, по изборите се чекало на допис од Министерството за здравство по што требало да се испрати ранг листа од кандидатите, но таков допис не стигнал. Шестмесечната агонијата ја прекина новоназначениот директор, Асани.

Вчера во ПРОЦЕС, од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти АСМЛ, прашаа по кој законски основ конкусот за избор на лекари во струшката болница се уште не е завршен.

„Замолен сум јавно да прашам по кој законски основ конкурсот се уште не е затворен. Десет лекари седат  така со месеци , а Струга има дефицит од лекари“, рече др. Ненад Лазаров, претседател на  Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Тој потврди дека секаде во болниците во државата ситуацијата е слична, а државата нема стимулативни мерки како да ги задржи лекарите во државата.

Само за првите пет месеци од годинава 90 млади лекари заминале во странство, говорат податоците од Лекарската комора од каде што побарале Потврда за работа во странство или доедукација. Минатата година 212 лекари побарале вакви потврди за во странство, а во 2017 година- 195 лекари. Од 2010 година кога 58 лекари се одлучиле на ваков чекор нивниот број од година во година се зголемува.

Се претпоставува дека овој број е многу поголем бидејќи многумина заминуваат без овој документ, а многумина студираат во странство и патот кон ЕУ и САД им е слободно отворен. Во ситуација кога не се стимулирани ниту финансиски ниту со услови за работа, кога конкурсите за избор се влечат со месеци, работат со неплатени дежурства за мизерни хонорари, младите лекари единствен излез гледаат во заминувањето во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.