Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември”

0
By Ivana on August 12, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” распишува конкурс за 2021 година. Со наградата им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава

Како што соопшти Министерството за култура, државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Според условите утврдени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и иинституции од странство.

На наградениот поединец му се доделува диплома и паричен износ, а на секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „22 Ноември” изнесува пет просечни месечни плати во земјава, исплатени во последните три месеци на тековната година.

Државната награда „22 Ноември“ се доделува, по правило, секоја година, а во една година може да се доделат најмногу до две награди.

Иницијатива за доделување на државната награда „22 Ноември” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат.

-Во текстот треба да се содржани и прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во два примерока, информира Министетството за култура.

Конкурсот ќе трае од 13 август до 13 септември 2021 годинa. Иницијативите треба да се достават на адреса: Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „22 Ноември”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје.

Одборот нема да ги разгледува иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) кои ќе бидат доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи.

22 ноември награда распишан конкурс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.