Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конопиште го одбележува Свети Атанасиј, посетители од земјава и странство

0
By Marija Todorovska on January 31, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 31, 2024 16:23

Конопиште денеска го одбележува верскиот празник Свети Атанасиј, посетители од земјава и странство престојуваат во селото во подножјето на Кожуф планина. Прослава е организирана во истоимениот манастир. Ктитори на овој верски објект се претставниците на фамилијата Миразови. Деновиве, во близина на  манастирот, поставен е метален крст висок шест ипол и широк четири ипол метри, осветлен, како симбол на верата.

Вангел Миразов, на возраст од 71 година, раскажа  дека долги години работел во Данска и таму му се сонило и изградил верски објект во селото.

– Околу каменот за кој се верува дека има необична моќ, се имаат свртено за среќа голем број луѓе од различни вери и националности, сподели тој со нас.

Неговиот татко потекнувал од соседното село Чемерско а тој самиот е роден неготинец, бил скоро педесет  години на работа во Копенхаген.

Верскиот објект е изграден пред околу 25 години, на темелите на црква која постоела уште во 1601 година, но подоцна била запалена. Миразови нагласија дека сите пари што ги оставаат верниците за здравје и среќа се реинвестираат во верскиот храм. Во близина, на околу половина километар, има самовилска вода за која исто така се верува дека е лековита.

– По струка сум земјоделски инженер. Десет години во Данска работев во текстилна компанија, триесетина години работев како таксист, појасни тој.

Миразов кажа  дека  неговата тетка и братучедот му подариле плац во селото, па тој си изградил викендичка.

– И во Данска сме врзани, што се вели, а и овде влече носталгијата. Децата ми се таму одомени, ние сме една интернационална  фамилија. Зетот Данец, снаата Црногорка. Со сопругата имаме пет внучиња, рече тој.

Беше пријателски расположен и нагласи дека е задоволен од животот.

-Јас си го остварив својот сон. Затоа сум многу среќен, повтори неколку пати.

Во селото дознавме дека околу каменот се вртеле, дури  и кога немало црква.

– Овој камен отсекогаш имал некаква моќ, луѓето се вртеле околу него верувајќи дека носи среќа  дури и кога немало црква, се молеле и палеле свеќи, ни објаснија од црковниот одбор.

Миразов нагласи дека направен е и осветлен земјен пат до крстот долг 450 метри.

– Во оваа прилика најавувам и посебна атракција што ќе реализираме овде. Бидејќи овој пат зиме е под мраз поради осојот, планираме во зимските денови да биде авантуристичка скијачка патека, сподели тој.

Своевремено во ова село беше седиштето на тогашната Општина Конопиште, во која влегуваа селата од Поткожувјето.

Кожуф Конопиште Свети Атанасиј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.