Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Консиљерето Ставревски

0
By Биљана Секуловска on June 18, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога замина главниот сметководител на Фамилијата со која раководи Груевски, тогаш кога ја тресна вратата Зоран Ставревски од Владата, се сетив на Роберт Дувал во “Кум”.

Затоа што, видете, секој Кум кој држи до себе  и до честа, мора да има свој приватен консиљоре, свој личен Дувал, наизглед  паметен советник (ех, тука е замката како и секогаш, затоа што ништо не е така како што изгледа и се претставува), вешт во убедувањето, доволно привлечен (се разбира дека мислам на Дувал, добога!) глас на разумот во секоја мафијашка фамилија, но, внимавајте, ајде да поразговараме за тој разум, веќе еднаш, ве молам.

Кога станува збор за разумот, на таков вид разум, не добивате повеќе од студен поглед и искривена насмевка.

Тоа е некој кој не стои отстрана додека се полнат кесите со црни пари, конечно сетете се само како и велеше Ставревски на неговата сопартијка Јанкуловска- ние сме лудаци, тотални лудаци- тој признава дека е дел од оној ист хор како во филмовите на Вуди Ален, кога никој не слуша за пропаста, иако сите ви кажуваат дека ве водат кон неа.

Тоа е сликата како во секоја античка трагедија, кога мора да се урла на цел глас божем се предупредува, додека се офка за починатото злодело, а тоа во исто време се спроведува со сметководителски прсти и мозок на уличен преварант.

Толку е совршено разработено починувањето на злосторството, што веќе се прави со затворени очи, а притоа се пее за лудаштвото, за да биде комплетна сликата  на белите кошули кои се виорат низ разрушените (ха, барокни!) столбови кај драгиот Вуди.

Така ви е тоа- вистинскиот консиљере е мозокот на операцијата на диплење на празните кеси и складирање во фиоки кои се заклучени три пати и покриени со бел везен чаршаф, подготвен за свечено отворање на филмска сцена на една просечна сицилијанска фамилија со зовриена крв.

Нашиот консиљере не е наивен, школите кои ги завршил се однесуваат на растегливи финансиски вештини, но ајде сега да се присетиме повторно на кесите, како тоа оди со нивно превиткување и одвиткување, нивно одврзување, грижливо полнење, затегнување на конецот кој мора да го обвитка горниот дел на кесата и трупање, крвничко трупање на сите тие кеси, ние сите тие белиза, панами, кипари, чешки, азербејџани, турции, каде се не, кој се не и којзнае зошто, сега и тој се прашува- којзнае побогу, зошто?

Тој знае за што треба да биде  платен- за да клима со главата значајно, додека педантно отчукува со дигитронот и ги негува црните подочњаци, со кои не бил роден, но ги стекнал.

Добиени се тие подочњаци во исто време кога се трупаат на контото становите, парите, болната амбиција и карактерот кој станува легендарен, тој едноставно не може да ја скрие неподносливоста на се што го опкружува.

(Прочитав убав портрет од Ида Протуѓер на Фејсбук за неговиот однос кон критичките новинари, конечно најдобро го знае, Ставревски и бил сектор. Таа говори пред се за злобата со која се раководи овој сметководител кога комуницира со новинарите. Штета, сметководителот никогаш не научил да биде политичар, таа елеганција на консиљерето е неопходна, сепак.

Ретки се тие македонски политичари кои ја учат најважната лекција кога ќе стапнат на функција: новинарите сè простуваат, но не и нетранспарентност, во комбинација со една фина, пристојна насмевка, затоа што таа на крајот на денот не е упатена кон новинарите, туку кон јавноста.

Новинарите знаат дека кога давате информации- е исто како да ви го корнат срцето. Но, тогаш кога ќе заминете, а сега тоа не го знаете, никој нема да жали за вас, по вас, освен новинарите. Затоа што само новинарите знаат за маките со откорнатото срце- за кое ве убедиле дека мора да го споделите со целиот свет.)

Не верувам дека Ставревски мирно ќе замине во Вашингтон и повеќе никогаш нема да слушнеме за него. Не, тоа нема да се случи. Не затоа што е долга раката на ВМРО, туку затоа што срцето кое тој никогаш не го остави тука, ќе му ги отчукува спомените дури таму. А тоа не се спомени со кои може мирно да се живее.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.