Поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте верува дека Италијанците ќе го освојат ЕУРО 2020. Во пресрет на финалето против Англија, тој ги посочи слабостите на противникот.
„Слабоста на Англија е кога излегуваат од притисокот. Тие не се снаоѓаат добро како Шпанија. Меѓутоа, ако сепак излезат, Англичаните стануваат многу опасни поради брзината на нивните офанзивни играчи“, изјави Конте.
„Италија треба да го покаже своето искуство во читањето на играта. Секако, ќе имаме многу помалку навивачи на стадионот, но нашиот тим е поискусен. Ние сигурно знаеме како да победиме “, изјави поранешниот тренер на Интер, Челси и Јувентус.