НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контрапроект на „Новиот пат на свилата“ од 600 милијарди долари – Г7 влегува во голема инвестициска трка со Кина

0
By Sashko on June 27, 2022 СВЕТ
Фото: nationalworld.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седумте најразвиени земји членки во светот обединети во групата Г7 имаат намера да почнат 600 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата, но и за заштита на климата, до 2027 година. Корист од тоа би имале стотици милиони луѓе ширум светот, а програмата е замислена како контра проект на кинескиот „Нов пат на свилата“.

На Самитот во Германија, канцеларот Олаф Шолц, актуелен претседател на Г7, најави дека „Партнерството за глобална инфраструктура“ треба да овозможи вложувања за заштита на климата, во енергетскиот сектор, како и во здравствениот.

За време на заедничкото претставување на иницијативата, Шолц истакна дека замислата била на Бајден за која нагласил оти го „покажува единството на Г7“.

Меѓутоа, канцеларот додаде оти тие планови не се единствените што укажуваат на единство. Членот на германските социјалдемократи потенцира дека Г7, Европската Унија (ЕУ) и НАТО имаат тесна соработка, кога е во прашање поддршката за Украина против бруталниот напад на Русија.

„Може да се каже дека Путин не го очекуваше тоа и дека сè уште го боли“, изјави Шолц.

Бајден ветува работни места во Африка и во САД

Бајден во таа прилика истакна оти е горд што може да објави дека САД во наредните пет години ќе мобилизираат 200 милијарди долари јавен и приватен капитал за партнерството. Меѓудругото се планирани инвестиции и во дигитална инфраструктура.

Тој рече дека Партнерството не е хуманитарна акција.

„Тоа е инвестиција што ќе биде исплатлива за сите, вклучително и за американскиот народ и народуте на сите наши земји и која ќе ги поттикне нашите економии“, рече Бајден.

Како пример, Бајден наведе нови проекти за соларна енергија во Ангола кои ќе бидат од помош во заштитата на животната средина и отворање на работни места во таа африканска земја, но и во САД.

Проектите би биле врзани за високи стандарди, за да се обезбеди дека новите инвестиции се водени економски и комерцијално и да не резултираат со должнички замки.

Здружување на силите

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен најави дека „Тим Европа“ ќе обезбеди 300 милијарди евра како придонес на инвестициската иницијатива на Г7, додека проектите би се развивале заеднички.

„Како демократии, мораме да ги здружиме силите. Иницијативата треба да покаже дека „демократиите овозможуваат најдобар пат за развој“. Инвестициите треба да бидат засновани на демократски вредности – транспарентност, инклузивност и одржливост“, изјави Фон дер Лајен.

Според премиерот Фуми Кишида, Јапонија ќе обезбеди 65 милијарди долари државни и приватни средства. На тој начин, Јапонија ќе промовира и изградба на аеродроми, пристаништа и железнички врски во Индо-Пацификот.

Италијанскиот премиер Марио Драги се изјасни за вложувања на западните земји во гасна инфраструктура во Африка, на пример, но и во ширење на обновливи извори на енергија. Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека неговата земја ќе обезбеди 5,4 милијарди долари.

Конкуренција на Кина 

Проектот на Г7 беше најавени уште минатата година како алтернатива на кинескиот „Нов пат на свилата“ што Кина го отпочна во 2013 година и со кој земјата одамна отвора нови трговски рути кон Европа, кон Африка, кон Латинска Америка и, секако, кон Азија.

Западот одамна и забележува на Кина дека со иницијативата ги доведе земјите, кои се вклучени, да се задолжуваат и дека инвестициите повеќе се предност за Кина одошто за другите – како обезбедување на трговски патишта и пристап со суровини.

Минатиот месец, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен ја означи Кина како најголем предизвик на меѓународниот поредок, и покрај акутната криза што е предизвикана со руската инвазија на Украина.

Преземено од „Дојче веле“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.