Субрата Рој, контроверзниот индиски бизнисмен кој во неговата земја се гони за криминали, во екот на кампањата за привлекување на инвестиции има снимено спот во кој ја промовира својата компанија Сахара.
Тоа е истата компанија Сахара Груп, од која се бара барање на долг од три милијарди доларив, а која пред неколку дена се обрати пред Врховниот суд во Индија велејќи дека шефот Субрата Рој не е одговорен за рефундирање на трите милијарди долари долг кон инвеститорите, спротиставувајќи се на аргументите на регулаторот СЕБИ кој бараше неговиот пасош да биде привремено одземен, како што пренесе „Тајмс оф Индија“.
Во меѓувреме, најавената инвестиција на Субрата Рој предизвика апел од проминентен македонски архитект, кој предупреди дека постои опасност Охридското Езеро да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе.
Охридскиот архитект и поранешен главен градски архитект Димитар Зарчев со загриженост говори за последиците од најавата на Субрата Рој дека ќе гради објекти кај охридски Свети Наум, објавува Слободна Европа.