По 20 години легендата се враќа на сцена и доаѓа во Скопје со концерт за отворањето на јубилејниот ТАКСИРАТ #20 Д-р Неле Карајлиќ на 29-ти ноември, во МКЦ!
Долгата пауза од сценските настапи ја прекина годинава со турнеја во Канада и С.А.Д. па следуваше и неодамнешниот, спектакуларен концерт во Белград, а оваа зима на наше огромно задоволство, му посакуваме добредојде и во Скопје со концерт за кој Неле вели дека е своевидно „патување низ времето“ на коешто тој го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“ и некои нови остварувања.
Билетите може да се најдат на сите благајни на МкТикетс и онлајн.