Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерт на Националниот џез оркестар со уште еден Греми-добитник, тапанарот Џон Рајли и светски познатиот биг бенд диригент, Зиги Фајгл

0
By Ана Василевска on May 29, 2024 ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2024 22:36

Националниот џез оркестар го најавува следниот настан за оваа сезона – Концерт на
Националниот џез оркестар со гостите Џон Рајли (тапани) и, за нас добро познатиот диригент,
Зиги Фајгл.

Џон Рајли e светски реномиран и признат изведувач, автор и учител, кој соработува со
светските водечки џез музичари повеќе од 40 години. Четирикратен добитник на Греми
наградата, од вкупно 14 номинации, Џон има реализирано стотици снимки и настапи со Мајлс
Дејвис, Дизи Гилеспи, Стен Гец, Вуди Херман, Џон Скофилд, Џо Ловано, Боб Минцер, Карнеги
Хол џез бендот, џез оркестарот Вангард и многу други.

Foto: Johannes Gellner

Џон е автор на The Art of Bop Drumming, моментално објавена на пет јазици, Beyond Bop
Drumming, The Jazz Drummer's Workshop, и The Master Drummer.
Џон има завршено дипломски студии по џез музика на Универзитетот во Северен Тексас
(1975) и мастер студии на Музичката школа на Менхетен (1985), каде денес е и професор. Тој
исто таке е професор и на Универзитетот Куцтаун, визитинг професор на Конзерваториумот во
Амстердам во Холандија, и редовно држи предавања низ целиот свет.
Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте досегашни настапи
со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по
неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу
кои биг бендот во Грац, каде што е и декан и професор на Универзитетот за музика и
изведувачки уметности; ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го
својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави.

Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од
традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции.
Соработувал со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на
меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб
Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и
иновативни аранжмани.

Како диригент на биг бенд, Сиги Фајгл игра витална улога во обликувањето на звукот и
насоката на ансамблите што ги води, здружувајќи ги талентираните музичари за да создадат
динамични и привлечни изведби. Неговата посветеност на уметничката форма и неговиот
придонес во традицијата на биг бендот го зацврстија неговото место како почитувана личност
во светот на џез музиката.
На програмата ќе бидат композиции од оркестарот Тед Џонс/Мел Луис, оркестарот Vanguard
Jazz, како и од Бади Рич биг бендот и Оркестарот Стен Кентон, создадени од повеќе различни
композитори меѓу кои: Тeд Џонс, Џим Мекнили, Боб Брукмаер, Бил Холман. Извонредни стандарди и аранжмани кои дополнително ќе ги истакнат способностите на нашиот гостин –
тапанар.
Не го пропуштајте концертот на овие музички великани и Националниот џез оркестар.
Сабота, 1 јуни, 2024г.20ч,Македонски народен театар. Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МНТ или online на страната на МНТ.
Студентите и пензионерите може да ги набават своите билети со попуст од 50% на
билетарница, по приложување на соодветен документ.

концерт Национален џез оркестар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.