Во рамки на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска, вечерва во Филхармонија се одржа концерт на хрватска клапа и македонски фолклорни ансамбли.
Настанот беше отворен со изведба на македонската и хрватската државна химна, по што се обратија двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Гордан Грлиќ Радман.
„Годините се само бројка. Тоа се три декади одбележани со доверба, но и со политичко, економска и културна соработка. Три декади со кои нашите две земји се соочуваат со слични предизвици да обезбедат пристојна иднина за своите граѓани. Европските и евроатлантските интеграции се во сржта на развојот и на двете земји. Оттука не само што нам ни е потребно туку за нас се и очекувана силната и недвосмислена поддршка на Хрватска што во континуитет ја изразува за нашата европска и евроатлантска перспектива“, истакна Османи во своето обраќање.
Тој додаде дека кога се гради искрено и трајно пријателство на здрава и цврста основа, тоа е пријателство што се надградува и расте постојано.