Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерт во Филхармонија со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек

0
By Соња Крамарска on May 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

В петок, на 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.

Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес Брамс (1833 – 1897), кому Роберт Шуман ќе му помогне да се афирмира како автор, се смета за еден од претставниците на романтизмот, иако структурата на неговите дела во најголем дел е – класична. 

Унгарски танци се сет од 21 композиција, кои главно се базираат на унгарски теми. Брамс ги завршил во 1879 година. Тие се најпопуларните дела на овој композитор. Последно симфониско дело на Јоханес Брамс е Четвртата симфонија (1885), во која настојува да ги негува достигнувањата на своите претходници. Се карактеризира со широк епски и меланхоличен карактер. 

Реинхолд Глиер го завршил Концертот за хорна и оркестар во 1951 година. Премиерно бил изведен на 10 мај 1951 година од рускиот хорнист Валери Полех во Ленинград (Санкт Петербург) со Ленинградскиот радиосимфониски оркестар. Концертот е напишан во неокласичен стил со силни влијанија од романтизмот, а во него Глиер успешно ги презентирал изведувачките перформанси на хорната, инструмент кој до тогаш најчесто имал функција само како дел од оркестарскиот звук. Со овој концерт, Глиер докажал дека хорната може одлично да функционира и како соло инструмент.

Боштјан Липовшек е прва хорна во Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија. Први учители му биле неговите татко и брат. Студирал кај професор Јоже Фалоут на Музичката академија во Љубљана, каде што дипломирал и магистрирал. Студирал и кај Радован Влатковиќ на академијата „Моцартеум“ во Салцбург. Како солист настапувал со оркестарот на Радио Љубљана, со Словенечката филхармонија и со водечките оркестри во бивша Југославија. Како гостин прв хорнист, настапувал во Берлинскиот симфониски оркестар, со оркестарот на Операта во Брисел, со Симфонискиот оркестар на Мелбурн, со камерниот оркестар „Малер“, со Израелската филхармонија, Шкотскиот камерен оркестар, Австралискиот камерен оркестар и др.

Честопати настапува и на турнеите со Фестивал оркестарот на Будимпешта, кој го води Иван Фишер. Како солист настапувал под диригентската палка на Антон Нанут, Урош Лајовиц, Ен Шао, Јаков Крајцберг, Сиан Едвардс. Добитник е на награда на интернационалниот натпревар во Порчија, Италија, и е награден со највисоката награда „Франце Прешерн“ што ја доделува Министерството за култура на Словенија (2008). Предава на Музичката академија во Љубљана од 1998 година, и на Академијата во Загреб, од 1995 година.

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим. Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта, да ја прими наградата „Млад артист на годината“, кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел. По турнејата во поранешна СССР, која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфониски ансамбли, изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004 година, маестро Шаровски ќе раководи и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро, со кој ќе патува на турнеи во Бразил и во Европа и ќе сними четири цедеа. Тогаш Шаровски ќе го формира Младиот симфониски оркестар на Бразил, кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во Централ парк во Њујорк, како и во Линколн центарот, ќе одржи концерти пред 50-илјадна публика, концерти кои ќе бидат високо оценети од публиката и критиката.

За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји.

„Вилает“ концерт Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.