Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“

0
By Sashko on August 19, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечерва на сцената „Долни Сарај“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе одржи концерт во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов.

Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.

Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број популарни мелодии. Иницијатор е, и долгогодишен диригент на фестивалот на детски песни „Златно славејче“. За својата обемна творечка дејност во областа на музиката, маестро Џамбазов е добитник на бројни стручни награди.

Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинешното 62-ро фестивалско издание. Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.