СДСМ и нејзините коалициони партнери од „Сојузот за иднината“ денеска во Куманово ќе одржат конвенција на која ќе ги најават идните активности на опозиција во пресрет на локалните избори.
„Точно на два месеца после “црниот понеделник“ и еден месец пред локалните избори, Сојузот за иднината ќе одржи политичка конвенција во Куманово“, стои во најавата.
Конвенцијата првично била планирана да се одржи во Домот на културата, но како што велат од СДСМ, поради огромниот интерес на граѓаните, овој собир ќе се одржи во спортската сала во Куманово.
„Како што доликува на еден востанички град, токму од Куманово ќе ги најавиме идните активности на здружената опозиција во пресрет на локалните избори“, велат од СДСМ.