Владејачката партија во Велика Британија соопшти дека денеска го поднесува предлог законот со кој се гарантира дека до крајот на 2017 година ќе биде оддржан референдум за членството на земјата во ЕУ, јавува Дојче Веле.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе организира граѓанско изјаснување за членството на Обединетото кралство до крајот на 2017 година, доколку повторно биде избран за премиер на изборите за две години.
Тој и неговата Конзервативна партија сакаат на овој начин да спречат можно негодување и бунт на евроскептиците во своите редови.
Евроскептичните пратеници на Конзервативната партија претходно поднесоа нота до долниот дом на британскиот парламент во која изразија жалење дека во програмата за работа на владата за оваа година, претставена на почетокот на мај не е споменат предлог-законот за организација на ваков референдум.