Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кооперација: Изложба за идентитетот

0
By Нова ТВ on December 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кооперација најавува изложба насловена „Реидентификација“ на 06. 12. 2013, петок во 19 и 30 часот. Изложбата ќе биде отворена до 14 декември.

Изложуваат: Снежана Алтипармак, Методи Ангелов, Мирна Арсовска, Дијана Богдановска, Урош Вељковиќ, Фотини Гусети, Марко Гутиќ Мижимаков, Сашо Димоски, Душан Дракалски, Димитрие Дурацовски, Инес Ефремова, Иван Ивановски, Јана Јакимовска, Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Авив Круглански, Ана Лазаревска, Владимир Лукаш, Оливер Мусовиќ, Миле Ничевски, ОПА, Нада Прља, Вахида Рамујкиќ, Игор Сековски, Александар Спасоски, Славица Тошевска, Игор Тошевски, Симон Узуновски, Неда Фирфова и Борис Шемов.

„Реидентификација“ има за цел да проговори за анонимноста од аспект на анонимното, односно за преименувањето од гледна точка на обезименувањето. Следствено, основното тежиште во оваа поставка е токму проблематизирањето на идентитетот преку името како знак/обележје и секако, можните импликации на отвореното (јавното) наспроти прикриеното (анонимното) во контекст на неизбежниот сооднос помеѓу естетското и политичкото.

Се поставува прашањето дали може и како воопшто да се дефинира и одреди територијата на индивидуалното во однос на реалната просторна граница, а во рамки на општествениот простор? Ова посебно се одразува и во полето на современата уметност, каде во ерата на инсталацијата како тотално дело, таа ги инкорпорира не само разнородните медиуми и техники, туку и самиот простор кој природно станува нејзин составен дел. И можеби уште поважно е прашањето за тоа што конкретно имплицира ваквата поставеност на посебни ентитети/дела поместена на ниво на политичкото.

Од друга страна, покрај тоа што многу често може да се слушне дека „делото доволно говори“, доколку е тоа лишено од неговиот контекст, станува многу потешко, можеби дури и невозможно истото целосно да се протолкува. Но, токму во соочувањето со уметничкиот објект без посредство на неговите придружни елементи, кои во голема мера го оддават контекстот, Кооперација гледа сериозен предизвик.

Оттаму, еден од условите за учество на оваа конкретна изложба беше барањето за свесното откажување (дури и ако е привремено или само симболички) од било какво обележје кое би посочило на идентитетот на авторот. Ова отстапување од стандардните современи музејско-галериски принципи понатаму би го позиционирало делото во состојба на несигурна интерпретација, состојба на дисбаланс, и следствено дисторзија во односот уметник-публика.

Конечно, ваквата нестабилна конфигурација може да се протолкува како своевидна рефлексија на општествено-политичките состојби во кои егзистираме. Затоа, „Реидентификација“ е обид да се преиспитаат одредени позиции на анонимноста преку процесот на соединување на автохтони дела од поголем број уметници кои од позиција на личното говорат за колективниот идентитет, како и за оној на самиот автор, за индивидуалната одговорност, авто-цензурата и други аспекти од општественото бивствување. КООПЕРАЦИЈА се заблагодарува на Виолета и Сашо Конески за отстапениот простор.

* КООПЕРАЦИЈА е самофинансирана група на автори отворени за соработка со други домашни и странски уметници и колективи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.