По денешната координација на владините коалициски партии договорена е стратегијата за утрешната собраниска седница за гласање доверба на Владата.
Средбата на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и коалициските партнери заврши без многу детали.
Единствено лидерот на ДПА, Мендух Тачи даде кус коментар по средбата за неколку медиуми. Тој кажа дека мнозинството е безбедно, а ќе се работи и на проширување на истото. Тачи тврдеше дека на средбата имаше и претставници на Движењето Беса, а тие го демантираа тоа. Според најавите на ВМРО-ДПМНЕ, токму оваа партија е дел од иницијативата за уривање на Владата.
Фокус пишува дека „владините партнери планираат утре воопшто да не присуствуваат на седницата, верувајќи дека спротивниот табор нема да има ниту кворум за усвојување на дневниот ред“.