Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kорејска банка ќе отвори филијала во Македонија до 2018

0
By Нова ТВ on May 30, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната корејска развојна банка (Korea Development Bank) ја преименува својата филијала во Унгарија во KDB Bank Europa и има намера да ја користи како база за експанзија во регионот, извести поранешната KDB Bank (Magyarország) за унгарската агенција MTI.

Банката сака да отвори филијали во 11 земји на Балканот и Источна Европа меѓу кои и во Македонија до 2018 година. Другите земји во кои ќе бидат отворени филијали се: Словачка, Чешката Република, Австрија, Романија, Молдавија, Србија, Хрватска, Украина, Русија и Грција.

Првата филијала во Братислава ќе биде отворена веќе за неколку недели, изјавуваат од Банката за унгарската агенција, а пренесува „Budapest Business Journal“.

Инаку, унгарскиот контролор на финансиските пазари, PSzÁF, ја казни оваа банка со 10 милиони форинти (34.550 евра) зашто ги пренесувала трансакциските трошоци на клиентите преку воведување на нова давачка. PSzÁF ѝ нареди на Банката да ја прекине оваа активност и да им врати на клиентите износи од десетици милиони форинти.

Унгарскиот PSzÁF за истиот прекршок врши истрага врз повеќе финансиски институции во земјата.

Korea Development Bank e основана во 1954 година за да ги финансира и да управува со големите индустриски објекти, а со цел да се забрза индустрискиот развој и да се засили националната економија. Таа е најголема банка за проектно финансирање во Азија и на пацифичкиот регион, а е и лидер на домашниот пазар на капитал. Банката помага и во управувањето со компании загубари преку корпоративно реструктуирање и консултантски услуги и обезбедува капитал за стратешки регионални развојни проекти. Таа има 40 домашни деловници, а во странство има седум банки ќерки, пет филијали и две претставнички канцеларии, преку кои обезбедува комплетни финансиски услуги. Вработува над 2.100 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.