Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коридорот 8 да биде готов до 2030 година, предвидува Меморандумот потпишан од Северна Македонија, Албанија и Бугарија

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за транспорт на Северна Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку денеска во Софија, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8.

По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој, јави дописникот на МИА од Софија.

Северна Македонија планира да инвестира 200 милиони евра во првиот квартал од 2022 година за изградба на железничката мрежа на Коридорот 8 кон Бугарија. Владата на Северна Македонија обезбеди средства за првите две делници, а останува да бидат обезбедени и за третата од Крива Паланка до Деве Баир, која ќе чини 400 милиони евра. За изградба на експресниот пат од Куманово до Деве Баир во правец кон Бугарија се обезбедени 90 милиони евра. Бочварски предвидува целата траса на Коридорот 8 на територијата на Северна Македонија ќе биде изградена до 2030 година, а веројатно и порано. Има подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија, но се бараат можности да се најдат средства. Кракот на Северна Македонија кон Албанија е 70 километри.

Бугарскиот министер за транспорт Алексиев исто така предвидува дека до 2030 година Коридорот 8 ќе биде готов. Тој најави дека Бугарија следната недела ќе го започне тендерот за изградба на железничката делница помеѓу Перник и Радомир, а во 2022 година другата делница од Радомир до Ѓуешево, за која веќе има технички проект. Според првичните проценки, овој дел ќе чини 200 милиони евра. Бугарија работи заедно со Северна Македонија и на граничниот тунел.

Албанија, како што рече министерката за транспорт и енергија Балаку, работи напорно на изградба на пат до границата со Северна Македонија, како и на специјално пристаниште за Коридорот 8.

Тројцата министри, на Бугарија, Северна Македонија и Албанија, се согласија дека Коридорот 8 има стратешко значење не само за нивните економии, туку и за подобра поврзаност на Балканот со Западна Европа, Црното Море и други партнери во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.