Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирусот не се пренесува преку мајчиното млеко-мајките да ги дојат своите бебиња

0
By Нова ТВ on August 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19, бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза. СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење. Многубројните предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19, посочуваат од Комитетот за доење согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ.

„Досегашните научни истражувања покажуваат дека новиот коронавирус COVID-19 не се пренесува преку мајчиното млеко. За време на доењето и контактот со бебето треба да применуваат респираторна хигиена, доколку е можно да носат маска, потребно е да ги мијат своите раце пред и по допирање на бебето со сапун и вода или дезинфициенс на база на алкохол.

Миењето на рацете треба да биде најмалку 20–30 секунди, согласно препораките и техниките за правилно миење на рацете, како и редовно чистење и дезинфицирање на површините што ги имаат допрено“, тврдат од Националниот Комитет за доење.

Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје, не само во периодот на детството, туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост. Во согласност со препораките на СЗО доењето треба да е ексклузивно во првите шест месеци од животот, да трае до две години и подолго, паралелно со воведувањето други видови храна по шестиот  месец, посочуваат од Комитетот за доење.

Република Северна Македонија со години наназад има имплементирано голем дел од  препораките на Светската здравствена организација, кои имаат за цел да го промовираат и заштитат доењето, формиран е Национален комитет за доење. Воедно, преку Програмата за здравствена заштита на мајките и децата, континуирано  се спроведуваат активности за промоција и заштита на доењето и се вршат обуки на здравствените работници од патронажните служби и превентивните советувалишта во здравствените домови, каде тим од лекар и сестра се постојано на располагање во давањето стручна помош за справување со сите можни предизвици поврзани со доењето.

Комитетот за доење одговара на најчесто поставуваните прашања поврзани со доењето и инфекцијата со Ковид-19.

Дали може да се пренесе вирусот од мајката на бебето?

Одговорот е дека постојат студии кои се контроверзни, тие коишто пронашле вертикална трасмисија на вирусот се со мал процент од 7 до 10 проценти, а бебињата се без симптоми или со лесна клиничка слика.

Дали мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња? 

Одговорот е да, треба и пожелно е да ги дојат своите бебиња, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи. Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори.

Дали во мајчиното млеко кај COVID-19 позитивна мајка може да го има SARs- CoV вирусот?  

Реализирани се повеќе студии во различни региони од светот и во ниту една од нив не е докажано присуство на вирусот во мајчиното млеко. Тоа значи дека единствен начин на којшто мајката може да го пренесе вирусот на своето дете е преку респираторните патишта. Поради тоа, неопходно е одржување на личната хигиена и задолжителна употреба на заштитни маски при доењето.

Во случај кога мајката е со потешка клиничка слика, која бара нејзина хоспитализација пожелно е ако постојат услови да се искористи нејзиното измолзено млеко со помош на медицински сестри. А во случај да е со исклучително тешка клиничка слика може да се користи измолзено млеко од мајка донор.

Исто така, според СЗО и УНИЦЕФ, COVID суспектна или позитивна мајка во првите моменти од раѓањето треба да го стави бебето на своите гради, не само заради млекото, туку и заради таканаречениот „skin-to-skin“ контакт, исклучително значаен за емотивната и психолошката поддршка, како за бебето, така и за мајката.

„Поддршка на доењето за поздрава планета“ е годинешното мото на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август. Неделата на доење, годинава, се одбележува под посебни околности, во знак на глобалната пандемија со Ковид-19 и според препораките на Светската здравствена организација, со посебен фокус за важноста на соработката, заедништвото и партнерските односи во промоцијата на доењето и пружањето поддршка на младите мајки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.