Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: Унијата е отворена за оние кои ќе ги исполнат Копенхашките критериуми

0
By Marija Todorovska on September 3, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот eudebates.tv
Фото: Скриншот eudebates.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките критериуми, истакна Кос на заедничката прес-конференција со данската министерка за европски прашања Мари Бјере и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт по завршувањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство во Копенхаген.

Кос додаде дека ако ЕУ сака да стане посилна ќе мора процесот на проширување да го базира на заслуги и на објективниот напредок постигнат од секоја земја кандидатка, при што приемот на секоја од нив ќе зависи од темпото на спроведување на реформите, нагласувајќи дека во случајот на земјава „штом Владата ќе го промени Уставот“ ќе може да продолжи нејзиниот пристапен процес.

Таа нагласи дека на средбата разговорите се фокусирале на тоа како проширувањето ја зајакнува безбедноста на Европа и на условите за успешно спроведување на реформи за членство, со цел граѓаните на идните земји членки да ги почувствуваат придобивките од ЕУ уште пред зачленувањето на нивните земји во Унијата.

 Проширувањето некако се вплетка во геополитичкиот натпревар помеѓу слободните демократски општества, од една и авторитарните режими, од друга страна, рече Кос, додавајќи дека проширувањето не е само прием на нови членки, туку станува збор за обединување на Европа, со што ќе се овозможиме безбедност на сите и стабилност за целиот континент.

Кос истакна дека на состанокот се разговарало и за начините за напредок во преговорите за пристапување и покрај „билатералните загрижености на некои земји членки околу преговарачките рамки и одлуките на Советот“.

 Во овој поглед, Комисијата веќе поедностави одредени чекори во пристапните преговори во рамките на ограничувањата на методологијата за пристапување, но секако е отворена и за понатамошни подобрувања, под услов за тоа да се добие согласност од Советот, рече Кос.

Таа се осврна и на денеска објавените резултати од истражувањето на Евробарометар за проширувањето, нагласувајќи дека загриженост околу безбедноста по избувнувањето на војната во Украина резултирала со растечкиот тренд на јавна поддршка за пристапниот процес.

 Проширувањето е стратешка инвестиција во стабилна, демократска и конкурентна Европа со придобивки за сите граѓани и тоа придонесува за мир, просперитет и пообединет континент, додаде Кос.

Сепак, според неа, паралелно со проширувањето мора да се работи и на подготовка на ЕУ за приемот на нови членки.

Проширувањето и подготвеноста за ЕУ се ист проект… Тоа е двојна патека, и проширување и подготовка, во исто време. Со тоа што ги унапредуваме заедно, го заштитуваме кредибилитетот на процесот, ја задржуваме јавната поддршка на наша страна и ја правиме Европа посилна, побезбедна и поконкурентна, заклучи Кос.

Данската министерка Мари Бјере, од своја страна изјави дека живееме во предизвикувачки времиња кога руската агресија врз Украина и новите политички ветрови што дуваат од САД го прават процесот на проширување поважен од кога било досега.

 Тоа е новата релевантност на проширувањето, кое доби нов импулс. Треба да продолжиме со проширувањето. Тоа не е само нешто што е релевантно. Тоа е геополитичка неопходност затоа што ни треба посилна и побезбедна ЕУ, која е способна да се одбрани, а проширувањето е од суштинско значење за тоа, истакна Бјере.

Таа нагласи дека на министерскиот состанок не се разговарало за специфичните преговори на секоја од земјите кандидати за членство, туку била одржана постратешка дискусија за проширувањето и како тој процес да се забрза, а сепак да се задржи пристапот базиран на заслуги согласно Копенхашките критериуми.

Иако Копенхашките критериуми се стари повеќе од 30 години, тие се уште се многу релевантни. Исто така, тие се релевантни и за постојните земји членки. Почитувањето на Копенхашките критериуми и фундаменталните вредности е она што не прави силни и атрактивни, па затоа денеска разговаравме и за тоа како можеме да го зајакнеме почитувањето на владеењето на правото во рамките на ЕУ, рече Бјере.

Данската министерка истакна и дека на состанокот станало збор и за потребата од внатрешни реформи во ЕУ за нејзино подготвување за проширувањето и за справување со предизвиците.

– Многу сум охрабрена од широкиот консензус што го видов за оваа стратешка насока на ЕУ и затоа сум голем оптимист, додаде Бјере.

ЕУ Копенхашки критериуми Марта Кос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.