Шампионот во АБА лига од 2020 година ќе нема загарантирано место во Евролигата. Загарантираното место што регионалната кошаркарска лига го имаше во континенталната елита во изминатите неколку сезони се претопува во една од трите нови „вајлд карти“. Одлуката е донесена на состанок на Бордот на ЕKА (Евролигашка комерцијална вредност) во Минхен.
Покрај јадранската лига, место во Евролига губи и ВТБ лигата како и шпанското и германското првенство. Нивните места што досега беа резервирани, во иднина ќе бидат три вајлд карти, а четвртото ќе оди за финалистот во Еврокупот, второ по квалитет кошаркарско натпреварување во Европа.
Од сезоната 2020/21 во Евролига ќе играат 11 екипи со А лиценца, француски Асвел Вилербан и Баерн Минхен кои имаат двегодишни вајлд карти, победникот и финалистот во Еврокупот и три клуба кои ќе добијат специјални покани.